Не нарачувајте „лате“ ако сакате кафе: Работи кои не треба да ги правите во Италија
Италија е можеби една од најубавите држави што можете да ги посетите. Доколку планирате да ја видите, сигурно сакате да знаете како можете да си го направите целото патување полесно и поубаво.
Па, кога ќе стигнете таму, обидете се да не ги правите следниве нешта:
Качување на регионален воз без да го поништите билетот
Билетите за регионалните возови, или кои било билети што немаат одредено датум и седиште треба да бидат поништени.
Порачување лате кога сакате кафе
На италијански, зборот latte значи млеко. Доколку сакате кафе, дајте му шанса на италијанското еспресо.
Возење во ZTL
ZTL значи зона забранета за возила и никако не смеете да возите овде доколку немате дозвола. Истовремено заборавајте на безбедносните камери и брзината додека возите низ Италија.
Стоење во редици за билети
Доколку не сакате со часови да чекате во редица за да купите влезница за некоја атракција, најдобро е да ја купите онлајн.
Плаќање со кредитни картички
Во Италија сè уште постојат многу места каде што не се плаќа со картичка, како на пример мали семејни ресторани и продавници. Најдобро е секогаш да имате кеш со вас.