Одлична есенска прошетка низ Ерменија – 6 работи кои треба да ги направите во Ереван

Главниот град на Република Ерменија, Ереван, е еден од најстаро населените градови во светот. Потекнува уште од 8 век, кога тврдината Еребуни била изградена од страна на кралот Аргишти I.

Esenska-proshetka-niz-Ermenija-01.jpg

Ереван го нарекуваат и „розовиот град“, поради бојата на камењата кои биле употребени за изградбата на најголемиот дел од централното градско подрачје.

На прв поглед, „розовиот град“ можеби и не делува премногу возбудливо. Но, бидете сигурни дека откако ќе поминете само 2 дена во Ереван, ќе се вљубите во неговата суптилна убавина и духот и дефинитивно нема да бидете разочарани.

Доколку планирате некое есенско патување, ставете го Ереван на списокот на желби, а еве кои 6 работи треба да ги видите и направите во главниот град на Ерменија:

Гледајте го зајдисонцето од Каскадниот комплекс

„Каскадата“ е масовно варовничко скалило кое го поврзува центарот на Кетрон со соседството Монумент, а исто така нуди и одличен поглед кон Ереван и планината Арарат.

Потребно е да искачите 572 скали од комплексот Каскада кој е особено популарен кај туристите и локалното население за време на зајдисонцето. Но, кога ќе ја видите глетката облеана во најубавата сончева светлина, ќе заборавите на напорот од искачувањето.

На подножјето од скалилата на каскадниот комплекс ќе видите многу ресторани, кафетерии и вински барови, а во текот на летниот и есенскиот период има и многу концерти во живо.

Esenska-proshetka-niz-Ermenija (1).jpg

Дегустирајте бренди на организирана тура во дестилерија

Ерменското бренди се смета за едно од најдобрите, а Ереван може да се пофали со повеќе дестилерии за бренди по глава на жител од кој било друг град во светот. Може одблиску да го видите процесот на производство и да направите дегустација на пијалакот.

Esenska-proshetka-niz-Ermenija (2).jpg

Посетете го Цицернакаберд

Цицернакаберд е официјалниот споменик кој го симболизира геноцидот во Ерменија и една од најемотивните работи што ќе ги доживеете додека сте во Ереван. Краткото возење со такси од центарот на Ереван до споменикот ќе ви ја открие вистината за Втората светска војна, кога Турците на Отоманската империја убиле 1,5 милиони Ерменци. 

Овој немил, грозоморен настан едногласно е признаен за геноцид од страна на многубројни историчари и научници. Денес, историскиот настан е официјално признат од 26 земји, но Турција продолжува да го негира геноцидот.

Esenska-proshetka-niz-Ermenija (3).jpg

Вкусете одлична храна

Ереван и генерално Ерменија е држава која нуди одлична храна за малку пари. Пробајте сарма, лахмаџун, бастурма (вид на говедска печеница), лаваш (специјален ерменски леб), гата (слатко печиво со јајца) и уште многу други специјалитети.

Ерменија, слично како и Македонија, има посебна култура на моментот наречен „пиење кафе“, па ќе уживате во многубројните кафетерии низ градот.

Esenska-proshetka-niz-Ermenija (4).jpg

Посетете го пазарот Вернисаж

Вернисаж е голем пазар на отворено во Ереван, каде што се продаваат локално изработени сувенири, рачно изработени уметнички предмети, книги, теписи, керамика и накит.

Викендот е најдоброто време за посета, бидејќи пазарот е пожив и продавачите ги исполнуваат улиците со нивните производи кои се протегаат на неколку блока. Сепак, има мал дел од пазарот којшто е отворен секој ден.

Esenska-proshetka-niz-Ermenija (5).jpg

Тркнете на еднодневна прошетка

И покрај тоа што технички ова не спаѓа во рамките на Ереван, речиси сите ќе ви препорачаат да појдете на еднодневно патување надвор од градот. Ќе видите една поинаква страна на Ерменија, бидејќи селата се прекрасни, со неверојатна природна убавина и бујни шуми во северниот дел.

Esenska-proshetka-niz-Ermenija (6).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg