10-те најбезбедни градови за туристи во 2019-та година
Што го прави едно патување совршено? Можеби тоа се посетите на музеите и локалните знаменитости, пробувањето на локалната храна или излегувањето во некој убав бар. Но без разлика кои се вашите приоритети, сигурно кога ќе отидете некаде сакате да се чувствувате безбедно.
Секоја година, медиумската компанија Economist Group ги оценува градовите ширум светот поред нивниот индекс на безбедност. Оваа година тие рангираа 60 дестинации според нивната дигитална безбедност, здравствена безбедност, инфраструктура и лична безбедност.
Според компанијата, изминативе неколку години нивните критериуми за безбедност се промениле. Сега се земаат предвид и проблемите како тероризам и климатски промени, но и способноста на градот да се справи со нив.
Според извештајот, градовите не мора да бидат богати за да бидат безбедни, но сепак градовите во државите во развој настојувале да се наоѓаат на дното од листата.
Погледнете ги 10-те најбезбедни градови за туристи во 2019-та година
10. Мелбурн, Австралија
Мелбурн се нашол на 10-тото место на листата според индексот за безбедност.
9. Сеул, Јужна Кореја
На 9-тото место се наоѓа Сеул кој добил 87,4 поени за безбедност. Градот има неверојатна култура и историја кои чекаат да бидат истражени.
8. Копенхаген, Данска
Осмото место му припаѓа на Копенхаген со освоени 87,4 поени. Ова е градот во кој вистински ќе ја искусите Данска.
7. Вашингтон, САД
Единствениот американски град на листата е главниот град на САД.