Топли дестинации за тие што сакаат да одат на одмор во октомври
Есента е навистина волшебно годишно време, но температурите не се како во лето. Сепак, одењето на одмор во октомври не е невозможно. Покрај тоа што во овој период можете да патувате многу поевтино, постојат и бројни дестинации што ќе направат да се чувствувате како да е лето.
Па доколку планирате да „летувате“ во октомври, ова се совршените дестинации за вас:
Ла Гомера, Канарски острови
Ова место е рај за авантуристите – можете вистински да се изгубите по патеките кои минуваат низ долините и карпите. Исто така имате и многу места за релаксација и одлични ресторани со морска храна.
Просечната температура во октомври е 20 степени.
Азорски Острови, Португалија
Овде ќе најдете зелено-сини езера во кратери, базени со кал и водопади какви што нема на друго место.
Просечната температура во октомври е 21 степен.
Коста Брава, Шпанија
Ова „тајно“ место изобилува со златни плажи, средновековни градби и прекрасни хотели.
Просечната температура во октомври е 21 степен.
Тагазут, Мароко
Тагазут е рибарско село кое станува сè попопуларно. Доколку сакате јога или сурфање, ова е дестинацијата за вас.
Просечната температура во октомври е 25 степени.
Валета, Малта
Во главниот град на Малта ќе уживате во тврдините, калдрмите, но и прекрасните песочни плажи.
Просечната температура во октомври е 25 степени.