Откријте го Берат – градот на 1000 прозорци (фото)

Во средишниот дел на југот од Албанија се наоѓа Берат, градот кој е признат по својата необична историска архитектура и исклучителната, несекојдневна убавина.

Berat-gradot-na-1000-prozorci-01.jpg

Заштитен под УНЕСКО, Берат бил еден од најважните албански градови за време на Отоманската ера, и огромен занаетчиски центар чија специјалност било копаничарството, односно резбањето на дрво.

Денес, Берат е еден од најзачуваните отомански градови на Балканот.

Она што го прави особено интересен се куќите изградени во традиционален, балкански стил начичкани на ридот, на којшто е лоциран замок кој датира од 13 век.

Куќите пак датираат од крајот на 18 и почетокот на 19 век, најчесто изградени на два ката, од кои приземјето е соѕидано од камен, и вториот кат е исфарбан со бела боја и го красат неверојатно многу дрвени прозорци.

Погледнете како изгледа магичниот Берат – градот на 1000 прозорци:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Албанскиот Тајланд“ – Скриено парче рај покрај река во Албанија Кристално тиркизната вода во реката и богатата вегетација во околината, прават о...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
Плажи во Македонија кои не се на природните езера – совршени за викенд разладување (фото) Наша плажа на езерото Мантово, но и градската плажа на Дебарското Езеро – низ Ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg