Коскину - најшареното и најшармантно селце на Родос (фото)
Сини изрезбани врати, жолти куќи, црвени саксии, многу цвеќе... Ова традиционално грчко селце е како излезено од бајките.
Коксину е мало селце на грчкиот остров Родос кое воодушевува со живописните фасади на куќите и неверојатната палета на бои на вратите.
Во него доминираат црвената, сината и жолтата боја, а некои врати и прозорци се изрезбани и изгледаат како вистински уметнички дела.
Селото се наоѓа на 7 километри од главниот град Родос на врвот од едно брдо и има одличен поглед на источниот дел од островот. Тоа е една од најстарите села на островот и си го има задржано својот традиционален изглед.
Тесните улички со шарени куќи се надополнети со многу саксии цвеќе.
Отпатувајте за миг во најживописното селце на Родос:
С. С. | Црнобело