Тргнете порано за да ги избегнете гужвите: Совети при патување кои повеќе не важат

Бидејќи сезоната на годишните одмори и продолжените викенди трае, ова подразбира детално планирање и организација на посакуваното патување.

trgnete-porano-za-da-gi-izbegnete-guzvite-soveti-pri-patuvanje-koi-povekje-ne-vazat-001.jpg

Но покрај бројните совети за патувања, не верувајте во сè што ќе чуете и прочитате. Многу од овие правила и совети повеќе не важат.

Еве за кои совети станува збор:

Резервирајте го авионски билет однапред за да заштедите пари

Овој совет можеби вредел во 1960-тите, кога летовите биле многу поретки отколку што се денес. Деновиве постојат мноштво алтернативи и нема потреба од толку брзање, бидејќи понудата и побарувачката се во рамнотежа.

Најдобро време за купување билет е помеѓу четири месеци и три недели пред патувањето.

Dokolku trgnete porano na pat ke izbgnete guzvi 02

Доколку тргнете порано на пат, ќе ги избегнете гужвите

Дури ни овој совет не е веќе валиден, бидејќи не постојат правила за тоа кога одредена дестинација е најпосетена.

Единствената работа што сè уште би имала смисла е да го посетите посакуваниот локалитет во време кога повеќето луѓе избегнуваат да излегуваат надвор, што е попладне.

Dokolku trgnete porano na pat ke izbgnete guzvi 03

Консумирање на улична храна е ризично

Повеќето туристи претпочитаат да јадат во ресторани, за да можат да јадат мирно, отколку да јадат на улица. Нема ништо лошо во тоа да сакате удобност на патувањето, но идејата дека храната е поздрава, затоа што се подготвува во ресторан, не е сосема валидна.

Прво, не можете да знаете што се случува во таа кујна, бидејќи немате пристап до неа.

Од друга страна, кога јадете улична храна, на самото место гледате како се одвива процесот и кои состојки се користат.

Dokolku trgnete porano na pat ke izbgnete guzvi 04

Парите треба да се носат во посебен џеб или чанта

Кога сте во странство, чувството дека сите сакаат да ве ограбат, може да бидете малку поизразено. Ако сте загрижени за ова, земете го само она што ви треба, кога ќе ја напуштите хотелската соба.

Ако треба да носите сè со себе, ставете го паричникот во предниот џеб.

Dokolku trgnete porano na pat ke izbgnete guzvi 05

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg