Затворски остров – единственото место во светот каде ќе сакате да бидете „затворени“ (фото)
Островот Чангу во Занзибар е познат по неколку нешта. Неретко, на туристите местото им е познато и како Затворски остров или Островот на желките.
Покрај тиркизното море и прекрасните плажи, овој егзотичен остров е само едно од неколкуте места на коешто живеат џиновските желки.
Порано овој вид желки биле распространети низ целиот Индиски Океан, но денес живеат во неколку заштитени области.
Џиновските желки можат да живеат подолго од 180 години, но ова е тешко за следење бидејќи често ги надживуваат луѓето.
Возраста на желките во Чангу е напишана на нивните оклопи, а најстарата има 193 години. Овде ќе можете и да ги храните желките со марула или овошје.
Но овој остров е познат и по нешто друго и неретко - овде се наоѓа установа во која биле затворани робовите од Танзанија и Занзибар.
Откако островот го презеле Британците во 1980-та година, тие изградиле затвор за криминалци. Подоцна установата се користела како болница и карантин зона, најмногу за пациенти со жолтица.
Денес градбата е претворена во хотел и музеј што можете да ги посетите.
Спирова С. | Црнобело