Несекојдневни хотели чии соби нема да сакате да ги напуштите (фото)
Sextantio Le Grotte della Civita, Матера, Италија
Ако сакате да спиете во пештера, можете да го направите тоа во овој италијански хотел. Хотелот е сместен во лавиринт од пештери кои се наоѓаат на листата на УНЕСКО.
https://www.instagram.com/p/B1BqJaJDTOn/
https://www.instagram.com/p/BzhdOK3pepP/
Thorngrove Manor Hotel, Аделаида, Австралија
Овој хотел е совршеното место за љубителите на бајките, бидејќи неговите дизајн ќе направи да се чувствувате како да сте дел од една. Исто така, ова место е одлично за „бегање“ од реалност со партнерот.
Lloyd Hotel, Амстердам, Холандија
Во собите на овој хотел има навистина интересен додаток – лулашки. Па, доколку не сакате да го напуштите хотелот, ќе можете да се забавувате и внатре.
https://www.instagram.com/p/BlLRS2blHFK/
https://www.instagram.com/p/BnjP6h-nxSj/
Crane Hotel Faralda, Амстердам, Холандија
Изгледа во Амстердам нема недостаток од необични хотели. Овој хотел е сместен на голем кран, од кој можете да направите и банџи скок.
Treehotel, Талберг, Шведска
Ова е уште еден хотел што ви овозможува да престојувате на дрво. Овојпат собите, односно куќичките имаат форма на вселенски брод – вистинско уживање за љубителите на научната фантастика.
Fantasyland Hotel, Едмонтон, Канада
Ако сакате да спиете во игло или да патувате во вселената, овие желби ќе ви се исполнат во Fantasyland. Секоја соба е уредена според различна тема, па овде сигурно ќе најдете нешто за сечиј вкус.
Cava & Hotel Mastinell, Вилафранка, Шпанија
Овој хотел е опкружен со лозја и нуди тура до локалната винарија. Но, овде можете и да се бањате во вино, да газите грозје и да правите уште многу други забавни нешта.
La Balade des Gnomes, Дурбај, Белгија
Собите во овој хотел се уредени според митови и легенди од целиот свет. Па, и овде имате можност да се почувствувате како во бајка.
Спирова С. | Црнобело