Несекојдневни хотели чии соби нема да сакате да ги напуштите (фото)
Кога одите на одмор, најчесто минувате многу малку време во хотелот. Поголемиот дел од времето хотелската соба ви е само за преспивање.
Но доколку некогаш ви се укаже можност да престојувате во некој од следниве хотели, сигурно нема воопшто да сакате да ги напуштите.
Amangiri, Јута, САД
Овој хотел е направен да изгледа како дел од природата. Ако отседнувате овде, ќе можете да уживате во дините, рамнините и планините што го опкружуваат местото.
Sheraton Huzhou Hot Spring Resorts, Хуџоу, Кина
Поради формата, хотелот си заработил неколку прекари, како на пример „Хотелот крофна“. Хотелот дури има освоено и награда за неговиот дизајн и функционалност.
https://www.instagram.com/p/Be0-IO1AxV8/
Propeller Island City Lodge, Берлин, Германија
Секоја соба во хотелот има уникатен дизајн, а целата градба е и уметничка инсталација. За жал, засега хотелот е затворен за реновирање.
https://www.instagram.com/p/Bxul7e2HDHA/
Free Spirit Spheres, Ванкувер, Канада
Ако отсекогаш сте сакале куќичка на дрво, овој хотел ќе ви ја исполни желбата. Оние кои го посетиле изјавиле дека е одличен начин да се поврзете со природата.
Bivacco Gervasutti, Монблан, Италија
Името на хотелот е во чест на алпинистот Џусто Џервасути. Хотелот се наоѓа на работ од карпа и е популарно место за планинарење, скијање и сноубординг.
Neemrana Fort Palace, Нимрана, Индија
Овој хотел од 15-тиот век е најстарото одморалиште во Делхи. Висечките градини и базените нема да ве остават рамнодушни.
https://www.instagram.com/p/B08cOLgA_uW/
Seven Hotel, Париз, Франција
Уникатниот дизајн на овој хотел ќе направи да се чувствувате како да сте во некој филм. Хотелот дури има и „лебдечки“ кревет.
https://www.instagram.com/p/BBFfru3tYXT/
https://www.instagram.com/p/BDSVEH5sCk-/