14 причини зошто треба да отидете во Тајланд барем еднаш во животот
Мала земја во Азија која нуди толку многу природни убавини, дружење со дивиот животински свет и релаксирање на неверојатни плажи – зошто треба да отидете во Тајланд барем еднаш во животот?
Од евтина и вкусна храна, до прекрасни плажи од кои нема да посакате да си заминете до љубезни луѓе и богата историја – Тајланд е место каде секој ќе ужива.
За многумина Тајланд е синоним за тропски рај, а ретко кој се вратил разочаран од оваа земја, па доколку знаете како да уживате, време е да ја ставите на листата на патувања.
Ако уште се двоумите, следните причини ќе ве натераат следна дестинација да ви биде Тајланд:
1. Можете да резервирате евтино сместување во одлични хотели, дури и на сама плажа.
2. Луѓето во Тајланд се буквално најљубезните луѓе во светот, тие се пријателски настроени кон туристите и ќе ви помогнат кога и да ви е потребно тоа, секогаш со насмевка.
3. Иако многумина се скептични, земјата е безбедна за туристи, но како и секаде низ светот, бидете внимателни за свое добро.
4. Можете да јадете како кралеви и кралици за само 10 евра – храната е разновидна и вкусна ако сакате специјалитети.
5. Тајланд има богата историја и традиција, а духовноста е на највисоко ниво – вреди да се искуси.
6. Прекрасни и пријателски настроени животни од дивиот свет може да се најдат насекаде – од плажи до улици и шуми.
7. Тајланд нуди одлична забава на места каде луѓето знаат да се забавуваат, иако се смета за конзервативна земја.
8. Незаборавно искуство се турите на прекрасните острови и плажи кои не смее да се пропуштат бидејќи нудат прекрасна природа и доживувања.
9. Може да посетите светилиште каде ќе уживате во дружба со слонови – искуство кое не се доживува секој ден.
10. Додека шетате низ улиците може да вкусите најразлична улична храна и да уживате во секакви солени и благи вкусови.
11. А, не пропуштајте да прошетате на локалните пазари и да пробате некои од разновидните егзотични овошја кои се нудат.
12. Ќе ги посетите некои од најубавите будистички храмови, кои се тајландска знаменитост.
13. Ќе се возите со „тук-тук“, најпопуларното превозно средство во Тајланд и ќе уживате во живописната природа или разиграните улици.
14. Ќе си направите кул фотки на многуте лулки поставени на плажите низ Тајланд од кои нема да посакате да станете.
М. М. | Црнобело