Македонците, Грците и 7 други нации откриваат што мразат кај туристите

Индија

Во ред е да дојдете изгубени кај нас и да барате спас, но нè нервира што стапувате во контакт со некои т.н. гуруа, кои не знаат ништо за вистинската медитација и јога.

Нема потреба да ги сликате сиромашните луѓе и потоа на сите да им покажувате колку сиромашно се живее во Индија.

makedoncite-grcite-i-7-drugi-nacii-otkrivaat-shto-mrazat-kaj-turistite-04.jpg

Јужна Кореја

Ако доаѓате кај нас на шопинг не ги оставајте куферите со стари работи тука. Да, многу туристи го прават тоа, а според нашите закони мораме да ги чуваме 1 година во случај сопственикот да одлучи да се врати, па ни фаќаат многу простор.

Соблекувајте ги чевлите кога посетувате корејска куќа, па дури и кога влегувате во хотелска соба, тоа важи за сите азиски земји, не ги внесувајте бактериите однадвор.

makedoncite-grcite-i-7-drugi-nacii-otkrivaat-shto-mrazat-kaj-turistite-03.jpg

Грција

Многу туристи упорно ни ги игнорираат оградите поставени околу археолошките пронаоѓалишта за да си направат кул фотка. Сфатете дека не ви е дозволено да чекорите таму со причина, сакаме да си ја зачуваме историјата. Некои дури ни крадат и артефкати, жално.

makedoncite-grcite-i-7-drugi-nacii-otkrivaat-shto-mrazat-kaj-turistite-02.jpg

Македонија

Нè нервира што туристите мислат дека единствено што вреди да се види во Македонија е Охрид, ретко можеби плус Матка и Старата скопска чаршија, а ние имаме толку прекрасни места од типот на Берово, Кокино, Крушево, Галичник, Попова Шапка, Вевчани итн.

makedoncite-grcite-i-7-drugi-nacii-otkrivaat-shto-mrazat-kaj-turistite-11.jpg

Бонус општи правила за туристите во сите земји:

Не правете фотографии апсолутно со сè, па дури и со локалците кои случајно минуваат покрај вас и си ги извршуваат дневните обврски.

Не се обидувајте да правите кул селфи фотки на опасни места, изложувајќи се на ризик, без разлика дали станува збор за карпа, ограда или глечер.

Во друга земја сте, па запомнете дека луѓето може да се однесуваат поинаку, па не се смејте на навиките на локалците.

Бидете фини секогаш и секаде и внимавајте да не оштетите нешто во земјата што ја посетувате.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Две држави од поранешна Југославија се на листата најубави земји на светот (според туристите) Туристите од цел свет ги избраа 20-те најубави земји. На листата има 3 држави од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg