Македонците, Грците и 7 други нации откриваат што мразат кај туристите
„Не, Македонија не е само Охрид, запомнете го тоа туристи!“ е нашата болка... Но, што ги нервира Германците, Англичаните и Индијците кај туристите?
Земјите кои имаат што да понудат, од природа до архитектура и историја, имаат реки туристи.
Но, покрај одличниот приход од туризмот, постојат и работи поради кои луѓето од овие нации на моменти ги мразат туристите.
И ние сме меѓу нив. Иако немаме премногу туристи, нивниот број расте од година на година, а постои една работа која нас навистина нè нервира.
Италија
Не негираме дека мафијата потекнува од Сицилија, но тоа не значи дека сите Италијанци се мафијаши.
Престанете да ни се обраќате на англиски јазик, не го познаваме добро, си го цениме италијанскиот јазик кој е поетичен и уметнички, па потрудете се да имате основни познавања.
Данска
Туристи, запомнете дека имаме 3 ленти: за пешаци, велосипедисти и автомобили. Престанете да се сликате стоејќи среде пат и тргнете се од велосипедската патека, велосипедот ни е главен начин на транспорт и возиме многу брзо.
Австралија
Престанете да паничите поради инсектите што сте ги гледале во документарни филмови на телевизија и мислите дека ги имаме на сите страни, нашите градови се комплетно безбедни и модерни како Њујорк, Лондон итн.
Германија
Престанете да правите селфи фотки во концентрациони кампови и покрај други споменици на жртвите од режимот, имајте почит.
Без пародии на тема Хитлер и нацистички поздрави, може да добиете и казна.
Велика Британија
Наутро не правете врева во метрото, избегнувајте дури и контакт со очи со нас.
Често стоиме и чекаме во редици и тие имаат најразличен облик, ве молиме придржувајте се до нив.
Не е паметно да ни ја споменувате политичката тема Брегзит.
Нов Зеланд
Нè нервираат гласните разговори на вашиот мајчин јазик, особено што претпоставувате дека никој од локалците не ве разбира. Знаеме многу јазици и имаме многу имигранти, па внимавајте кога нè критикувате и мислите дека не ве разбираме.