Германски села кои изгледаат како да излегле од бајките
Прва асоцијација на Германија за повеќето луѓе се волшебните замоци, погледот на Алпите, бурниот ноќен живот во Берлин и Октоберфест. Сепак, ова не е сè што може да ви понуди оваа земја.
Германија е опкружена со мали, магични села прекриени со калдрма и средновековни куќи, кои како да излегле од некоја бајка.
Ова се некои од најубавите германски села што ќе ве освојат на прв поглед:
Рамзау
Областа Берхтесгарден Ленд во југоисточна Германија е полна со прекрасни пејзажи. Рамзау е село со околу 1.800 жители, а иако е мало, има многу знаменитости.
Низ селото тече река која поминува покрај црквата, а мирните езера, Конигзе и Хинтерзе во зима изгледаат магично.
Ротенбург
Стариот град Ротенбург е составен од спирални улици и калдрма покрај кои се наоѓаат полу-дрвени куќи во различни бои.
Оваа бајковита атмосфера не само што ги привлекува туристите во летните месеци, туку е и одлична локација за снимање на голем број филмови, вклучувајќи го и Хари Потер.
Ареншуп
Солениот ветер, звукот на брановите на Балтичко море и бајковита колиба покрај брегот ја претставуваат суштината на Ареншуп.
Порано рибарско село, денес популарно одморалиште. Селото брои само 637 жители и е совршено место за одмор, гледање на птици, возење велосипед и истражување на пејзажот.
Шилтах
Ова село се наоѓа во рамките на националниот парк Црна шума, а се карактеризира со густи дрвја, долги патеки за пешачење и патека која води кон реката Кинциг.
Мајсен
Мејсен е еден од најубавите градови во светот. Најзначајните објекти во градот се катедралата Мајсен и замокот Албрехтсбург - кој е исто така и најстариот замок во Германија - лоциран во центарот на овој град.
Милтенберг
На само еден час возење од Франкфурт, Милтенберг лежи на реката Мајна. Некогаш бил стратешки важен локалитет што ги привлекувал Римјаните, а денес само античките урнатини сведочат за некогашната населба.
Самиот град е полн со дрвени куќи, историски плоштад и живописен поглед на реката Мајна.
Ашера | Црнобело