Најпопуларните дестинации за 2019-та, според сајтовите за патување

Светските сајтови за патување откриваат кои се топ 5 најпопуларни дестинации за патување според пребарувањата на посетителите - ќе ги ставите ли на вашата листа за патување?

najpoznatite-destinacii-za-2019-ta-spored-sajtovite-za-patuvanje-01.jpg

5-те најпознати сајтови за патување ги споредија побарувањата од јули минатата година и јули 2019-та и објавија кои се дестинациите чија популарност најмногу се зголемила.

Иако повеќето од нив се далечни, сепак можеби некогаш сте посетиле некоја од нив, или пак, ќе посакате да ја ставите на вашата листа за патување. 

Кои се резултатите од анализата за најпопуларни дестинации?

Торонто, Канада

Според веб-сајтот Orbitz, популарноста на Торонто се зголемила најмногу. Воглавно, овој град бил чест избор во летниот период поради многуте фестивали и културни настани.

Имено, најголемиот град во Канада е постојана фестивалска зона во текот на летото. Овде можете да ги посетите островите Торонто што ќе ги препознаете на речиси секоја разгледница.

Вреди да го посетите и паркот Riverdale кој се наоѓа на источниот крај од градот. Исто така не заборавајте да ја посетите најпознатата знаменитост на Торонто – кулата CN која нуди неверојатен поглед кон градот.

najpoznatite-destinacii-za-2019-ta-spored-sajtovite-za-patuvanje-02.jpg

Винипег, Канада

Канада се нашла на врвот и на сајтот Expedia. Доколку одите овде, не заборавајте да го посетите Музејот на човековите права.

Покрај неверојатниот дизајн на градбата, музејот е познат и по уникатниот концепт со кој се прикажани приказните за човековите права.

Многу популарна е и зоолошката Assiniboine Park Zoo каде што можете да видите различни животни, вклучувајќи и поларни мечки.

Доколку сакате да прошетате, омиленото место на туристите, но и на локалните жители е улицата Corydon Avenue, каде што ќе најдете безброј продавници и ресторани.

najpoznatite-destinacii-za-2019-ta-spored-sajtovite-za-patuvanje-03.jpg

Света Луција, Карипски Острови

Според веб-сајтот KAYAK, овој јули најпопуларна дестинација е островската држава Света Луција. Имено, според многумина ова е место што секој мора да го посети барем еднаш во животот.

Тамошните плажи нема да ве остават рамнодушни, а една од најпопуларните е плажата Reduit. Овде ќе го најдете и единствениот вулкан покрај кој можете да поминете со возило, кој се наоѓа во Sulfur Springs Park.

Вулканот емитува пара од сулфур наместо лава, па бидете подготвени за непријатен мирис.

najpoznatite-destinacii-za-2019-ta-spored-sajtovite-za-patuvanje-04.jpg

Лејк Буена Виста, Флорида

Според податоците од веб-сајтот Hotwire, Лејк Буена Виста е најпопуларното место за ова лето. Можеби најпознатата атракција овде е забавниот парк на Дизни.

Иако можеби нема ни да помислите да го посетите ова место, покрај забавните паркови овде можете да најдете ресторани со кујна од целиот свет, многу шопинг центри и забава за секоја возраст.

najpoznatite-destinacii-za-2019-ta-spored-sajtovite-za-patuvanje-05.jpg

Мадрид, Шпанија

Од веб-сајтот Skyscanner објавиле дека нивната најпопуларна дестинација е Мадрид. Овде се наоѓа најпопуларниот музеј за уметност во светот El Prado, па вреди да го посетите.

Веднаш до него се наоѓа и паркот Retirot кој е „зеленото срце“ на Мадрид. Овде ќе го најдете и најстарото дрво во градот, кое било посадено во 1633-та година.

najpoznatite-destinacii-za-2019-ta-spored-sajtovite-za-patuvanje-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg