Топ 50 најмалку безбедни држави за соло женско патување
Соло патувањето може да биде навистина неверојатно искуство, но за жените претставува и голем ризик.
Поради ова, блогерите Ашер и Лириц Фергусон решиле да создадат „индекс за опасност за жени“. Користејќи неколку извори тие успеале да одредат кои држави се безбедни, а кои не за жените кои патуваат сами.
За рангирањето биле употребени осум фактори – безбедност при шетање навечер, интернационалното убиство на жени, сексуално насилство од страна на партнер, сексуално насилство од странец, легална дискриминација, глобална разлика помеѓу половите, полова нееднаквост и насилство кон жени.
Со овие 8 фактори, тие ги оцениле 50-те најпопуларни држави помеѓу туристите.
10-те најопасни држави за соло патување за жени
1. Јужна Африка
Јужна Африка е најопасното место за жени. 23% од локалните жителки изјавиле дека се соочиле со сексуално малтретирање од странец, што е повисоко од сите држави на листава.
2. Бразил
Карневалот во Рио де Жанеиро е еден од најпознатите, но немојте да го посетувате сами. Само 28% од локалните жени се чувствуваат безбедно во својот град.
3. Русија
Доколку сакате да ја посетите Русија, најдобро е да одите со друштво.
4. Мексико
Мексико е навистина популарна тропска дестинација, но не е препорачлива за соло патување за жени. 16% од жените пријавиле дека биле жртви на сексуално вознемирување.
5. Иран
Жените во Иран, покрај останатите проблеми, не се чувствуваат безбедно навечер и често се жртви на малтретирање од страна на нивните партнери.
6. Доминиканска Република
Само 33% од локалните жени изјавиле дека се чувствуваат безбедно навечер. Покрај тоа, стапката на убиство на жени е навистина висока во оваа држава.
7. Египет
Историјата на Египет е можеби богата, но не е препорачливо за жените да го посетуваат сами. Само 47% од жените изјавиле дека се чувствуваат безбедно навечер во околината во којашто живеат.
8. Мароко
Мароко воопшто не е безбедно за жените навечер и често има проблеми со насилство против жени. 45% од жените пријавиле дека се соочиле со физичко или сексуално малтретирање од нивниот партнер.
9. Индија
Нееднаквоста помеѓу половите е најголема во Индија. Насилство против жените, како и убиството на жени е навистина често.
10. Тајланд
Тајланд е можеби популарна туристичка дестинација, но жените не би се чувствувале безбедно. Наводно, 61% од жените во Тајланд признале дека нивниот сопруг или партнер физички ги малтретира. Покрај тоа, насилството кон жените овде се покажало како највисоко.