Работи што треба да избегнувате да ги правите пред патување со авион
Го обвиткувате куферот
Некои луѓе имаат навика да го обвиткуваат куферот со најлон или што било, мислејќи дека така е побезбеден. Но што доколку сфатите дека внатре имате нешто што ви треба? Подобро е да купите куфер со лозинка.
Застанувате во првите редици за проверка
Поради некоја причина, првите две редици за безбедносна проверка се најполни. Па, секогаш обидете се да отидете подалеку.
Заборавате на правилото за течностите
Секогаш проверувајте ги правилата за течности на авиокомпанијата. Внимавајте да не понесете нешто со себе во рачниот багаж. Воглавно можете да носете течности со вкупна маса од 1 литар, кои ќе бидат распоредени во помали садови. Исто така треба да се наоѓаат во транспарентна торба. Најчесто ова важи и за козметичките продукти.
Се релаксирате после безбедносната проверка
Сигурно, како и повеќето, штом ќе ја поминете безбедносната проверка сакате да одите во фри-шоп продавниците. Но подобро е најпрво да најдете од каде треба да влезете во авионот, да проверите дали сè е во ред, па дури и неколку пати – понекогаш времето за качување во авионот може да се промени во последен момент.
Пробувате нова храна пред летот
Доколку сте во странство, нормално е да сакате да ја пробате тамошна храна. Но избегнувајте го ова по секоја цена пред да полетувате. Никогаш не знаете како ќе реагира вашиот стомак на новата храна, па понекогаш можете да си направите вистински проблем.
Паничите
Што и да се случи, паничењето само ќе ја влоши ситуацијата. Доколку ви е откажан летот, доколу се изгубите вие или некој документ, или предмет, најдобро е да побарате помош од вработените на аеродромот. Тие ќе ви кажат што да правите следно, па нема потреба од паничење.
Спирова С. | Црнобело