Работи што треба да избегнувате да ги правите пред патување со авион

raboti-shto-treba-da-izbegnuvate-da-gi-pravite-pred-da-fatite-avion-04.jpg

Го обвиткувате куферот

Некои луѓе имаат навика да го обвиткуваат куферот со најлон или што било, мислејќи дека така е побезбеден. Но што доколку сфатите дека внатре имате нешто што ви треба? Подобро е да купите куфер со лозинка.

Застанувате во првите редици за проверка

Поради некоја причина, првите две редици за безбедносна проверка се најполни. Па, секогаш обидете се да отидете подалеку.

raboti-shto-treba-da-izbegnuvate-da-gi-pravite-pred-da-fatite-avion-05.jpg

Заборавате на правилото за течностите

Секогаш проверувајте ги правилата за течности на авиокомпанијата. Внимавајте да не понесете нешто со себе во рачниот багаж. Воглавно можете да носете течности со вкупна маса од 1 литар, кои ќе бидат распоредени во помали садови. Исто така треба да се наоѓаат во транспарентна торба. Најчесто ова важи и за козметичките продукти.

Се релаксирате после безбедносната проверка

Сигурно, како и повеќето, штом ќе ја поминете безбедносната проверка сакате да одите во фри-шоп продавниците. Но подобро е најпрво да најдете од каде треба да влезете во авионот, да проверите дали сè е во ред, па дури и неколку пати – понекогаш времето за качување во авионот може да се промени во последен момент.

Пробувате нова храна пред летот

Доколку сте во странство, нормално е да сакате да ја пробате тамошна храна. Но избегнувајте го ова по секоја цена пред да полетувате. Никогаш не знаете како ќе реагира вашиот стомак на новата храна, па понекогаш можете да си направите вистински проблем.

raboti-shto-treba-da-izbegnuvate-da-gi-pravite-pred-da-fatite-avion-06.jpg

Паничите

Што и да се случи, паничењето само ќе ја влоши ситуацијата. Доколку ви е откажан летот, доколу се изгубите вие или некој документ, или предмет, најдобро е да побарате помош од вработените на аеродромот. Тие ќе ви кажат што да правите следно, па нема потреба од паничење.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg