Работи што треба да избегнувате да ги правите пред патување со авион

Летањето, како и секое патување, може да биде навистина стресно. Без разлика што однапред сте спакувале сè и сигурно сте провериле по сто пати, стресот е речиси неизбежен. 

raboti-shto-treba-da-izbegnuvate-da-gi-pravite-pred-da-fatite-avion-01.jpg

Но, за следното патувањето да ви биде полесно, погледнете ги нештата што не би требало да ги направите пред да го фатите авионот.

Ги ставате документите во мали чанти

Можеби сметате дека кога ќе ги распоредите документите во мали чанти, ќе ви бидат подостапни. Но колку повеќе чанти носите, толку повеќе ќе имате за внимавање. Пасошот, личната ката и другите документи ставете ги во поголема чанта, а на повеќе места ставете мала количина пари.

Не наоѓате превоз до аеродромот навреме

Доколку користите јавен превоз за да стигнете до аеродромот, никако не заборавајте да го проверите возниот ред. Ноќните линии често се откажуваат, а во некои градови не ни постојат. Во некои градови, пак, има експресни возови кои се постојано активни. Добро информирајте се за да заштедите пари на такси.

raboti-shto-treba-da-izbegnuvate-da-gi-pravite-pred-da-fatite-avion-02.jpg

Не си го организирате времето

Како непишано правило е да стигнете на аеродромот 2 до 3 часа пред полетувањето. Можеби понекогаш ќе треба да чекате повеќе, но тоа е подобро отколку да брзате и да бидете под стрес. Сепак, доколку билетите ви се веќе чекирани, доволно е да отидете и околу еден и пол час пред летот.

Не ги чекирате билетите онлајн

Денес речиси секоја авиокомпанија ја нуди оваа опција – поедноставна е за вас, а и е поевтина за нив. Покрај тоа, некои компании можат да ви наплатат повеќе доколку ја чекирате картата на аеродромот наместо онлајн.

raboti-shto-treba-da-izbegnuvate-da-gi-pravite-pred-da-fatite-avion-03.jpg

Преноќувате на аеродромот

Повеќето аеродроми не се опремени за да преноќувате во нив. Доколку немате време да одморите, наредниот ден ќе се чувствувате ужасно и нема да уживате во одморот. Доколку мора да останете преку ноќ, побарајте каде можете да преноќите во близина на аеродромот.

Плаќате за вишок багаж

Мерете го багажот уште пред да тргнете кон аеродромот. Сигурно не сакате да ви излезе дополнителен трошок, или да се распакувате на самиот аеродром.

Уште 6 работи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg