Работи што треба да избегнувате да ги правите пред патување со авион
Летањето, како и секое патување, може да биде навистина стресно. Без разлика што однапред сте спакувале сè и сигурно сте провериле по сто пати, стресот е речиси неизбежен.
Но, за следното патувањето да ви биде полесно, погледнете ги нештата што не би требало да ги направите пред да го фатите авионот.
Ги ставате документите во мали чанти
Можеби сметате дека кога ќе ги распоредите документите во мали чанти, ќе ви бидат подостапни. Но колку повеќе чанти носите, толку повеќе ќе имате за внимавање. Пасошот, личната ката и другите документи ставете ги во поголема чанта, а на повеќе места ставете мала количина пари.
Не наоѓате превоз до аеродромот навреме
Доколку користите јавен превоз за да стигнете до аеродромот, никако не заборавајте да го проверите возниот ред. Ноќните линии често се откажуваат, а во некои градови не ни постојат. Во некои градови, пак, има експресни возови кои се постојано активни. Добро информирајте се за да заштедите пари на такси.
Не си го организирате времето
Како непишано правило е да стигнете на аеродромот 2 до 3 часа пред полетувањето. Можеби понекогаш ќе треба да чекате повеќе, но тоа е подобро отколку да брзате и да бидете под стрес. Сепак, доколку билетите ви се веќе чекирани, доволно е да отидете и околу еден и пол час пред летот.
Не ги чекирате билетите онлајн
Денес речиси секоја авиокомпанија ја нуди оваа опција – поедноставна е за вас, а и е поевтина за нив. Покрај тоа, некои компании можат да ви наплатат повеќе доколку ја чекирате картата на аеродромот наместо онлајн.
Преноќувате на аеродромот
Повеќето аеродроми не се опремени за да преноќувате во нив. Доколку немате време да одморите, наредниот ден ќе се чувствувате ужасно и нема да уживате во одморот. Доколку мора да останете преку ноќ, побарајте каде можете да преноќите во близина на аеродромот.
Плаќате за вишок багаж
Мерете го багажот уште пред да тргнете кон аеродромот. Сигурно не сакате да ви излезе дополнителен трошок, или да се распакувате на самиот аеродром.