Медузи, испуштен лет: „Лек“ за сите проблеми при патувањата
Сите со нетрпение го очекуваме следното патување, а поради големата возбуда, неретко забораваме на проблемите што можат да се појават.
Од изгореници и убоди од инсекти, па сè до лошо сместување, во секој момент може да се појави нешто што ќе ви го расипе патувањето. Поради тоа, добро би било да се подготвите за некои од најчестите проблеми при патување.
Лошо сместување
Кога сте го закажувале хотелот преку интернет, на фотографиите изгледал беспрекорно.
Но понекогаш хотелите лажат и може да ве пречека вистинска „дупка“. За да го избегнете ова, пред да закажувате каде било пребарајте го хотелот или куќата на интернет и прочитајте ги рецензиите од посетителите.
Доколку повеќето коментари се негативни, најдобро е да побарате друго сместување.
Доколку не сте го провериле сместувањето и сте го побарале преку Airbnb, сајтот нуди опција да ви најде ново сместување или да ви се вратат парите.
Јазична бариера
Можеби вие знаете англиски, но не сите во странство го разбираат јазикот. Па кога ќе сфатите дека никој не ве разбира, целото искуство може да биде фрустрирачко.
Затоа обидете се да научите барем некоја фраза на јазикот во земјата што ја посетувате, или пак инвестирајте во јазичен водич за туристи.
Одложен или испуштен лет
За да не го испуштите вашиот лет или каков било превоз, најдобро е да отидете на аеродромот или станицата цел час порано. Но понекогаш вината не е ваша, а летовите се откажуваат постојано. Ова може да ви расипе многу планови, но и да ве чини многу пари.
За да го избегнете овој проблем, редовно проверувајте ги промените во летовите. Доколку сепак морате да чекате на аеродромот неколку часа, побарајте место со Интернет каде што ќе можете колку-толку да се забавувате додека чекате.
Разни болести
Доколку посетувате држава во Азија, Африка и Јужна или Централна Америка, прашајте го вашиот лекар за тамошните болести.
За некои држави неопходно е да примите вакцина за да се заштитите.
Морска болест
Морската болест е навистина непријатната и може да се појави додека сте на брод, на авион, во воз…
За повеќето луѓе најголем проблем се бродовите, но некои не можат да поднесат никаков транспорт. За да го решите ова, консултирајте се со вашиот лекар кој ќе ви препорача некакви лекарства што ќе ги намалат симптомите.
Убоди од инсекти
Инсектите се неизбежни, без разлика каде одите, особено во летниот период.
Иако повеќето предизвикуваат само здодевно чешање, добро е да истражете за инсектите во државата што ќе ја посетувате.
Некои убоди можат да предизвикаат алергиски реакции, па дури и да ви пренесат некоја болест. На пример, во некои држави е многу лесно а фатите маларија од обичен комарец.