Медузи, испуштен лет: „Лек“ за сите проблеми при патувањата
Изгореници
Сигурно веќе го имате ова предвид, но веројатно и заборавате на изгорениците. Дури и ако не сте на плажа, нанесувајте заштитна крема.
За секој случај носете и крема за изгореници за да ги ублажите симптомите.
Топлотен удар
Дури и да можете да ги поднесете најголемите горештини, постои ризик да добиете топлотен удар.
Доколку забележите дека сте многу жедни, имате вртоглавица, ви се лоши и не можете да се разладите во рок од 30 минути, најверојатно станува збор за топлотен удар.
Во овој случај најдобро е да побарате помош од лекар. А за да се заштитите, избегнувајте да излегувате кога надвор е претопло.
Труење од храна
Кога сте во нова држава, нормално дека сакате да ги пробате разните видови традиционална храна. Но ова значи дека понекогаш можете да добиете и труење.
Храната што не е правилно подготвена или што долго стоела на сонце може да има секакви бактерии. Па секогаш внимавајте од каде купувате храна и понекогаш е најдобро да ги избегнувате уличните продавачи.
Дијареја
Дијарејата може да биде предизвикана од храната, но и од водата. Во некои држави водата од чешма не е добра за пиење, а понекогаш им предизвикува проблеми само на туристи кои не се навикнати на неа. Доколку не сте целосно сигурни дека водата е безбедна за вас, најдобро е да купувате флаширана.
Убоди од медузи
Иако медузите изгледаат навистина убаво, нивниот убод може да биде навистина болен. Најдобро е со себе да носите средство против убоди, но уште подобро е внимателно да ја проверувате водата пред да одите на капење.
Спирова С. | Црнобело