Најнеочекуваните романтични дестинации во Европа за сите заљубени парови
Одредени градови секогаш ги следи репутација дека се многу романтични, а повеќето од нив се наоѓаат во Европа.
Иако најверојатно прво ќе помислите на Париз и Венеција, што е логично, покрај овие добро познати дестинации, постојат и оние за кои никогаш не би рекле дека се романтични, што секако се.
Ви ги претставуваме најнеочекуваните романтични дестинации во Европа:
Осло, Норвешка
Со својата комбинација на пријатни кафулиња и културни објекти, Осло ќе ве освои на прв поглед. Не верувате? Погледнете ја Норвешката национална опера и балет или посетете го паркот Вигеленд и сé ќе ви биде јасно ...
Копенхаген, Данска
Кога станува збор за Копенхаген, таму љубовта се чувствува во воздухот...Шармантните канали, фасади со шарени слики и калдрма создаваат исклучително идилична средина. И не треба да ги заборавите волшебните ресторани...
Љубљана, Словенија
Иако вашата прва асоцијација на Љубљана сигурно не се филмски, романтични прошетки долж брегот на реката и возење во кочија, овој град ви ги нуди сите овие работи и многу повеќе...
Гдањск, Полска
Лоциран на балтичкиот брег, овој помалку познат град нуди сосема волшебно бегство. Во текот на денот уживајте во културните споменици, а во вечерните часови препуштете се на волшебниот звук на уличните виолини...
Ротенбург, Германија
На патот низ јужна Германија мора да го посетите овој исклучително романтичен баварски град. Неговиот шарм првенствено се рефлектира во средновековната архитектура, вклучувајќи го стариот замок, како и рестораните и пабовите кои даваат жива, весела атмосфера. Овој град сигурно нема да ве остави рамнодушни...
Валета, Малта
Барокните знаменитости и тиркизните води се само дел од она што го прави Валета толку привлечен град. Гостите можат да уживаат во вкусна, автентична кујна и сместување во рустикалните таверни.
Ашера | Црнобело