Летување на Капри: Европскиот остров на кој уживаа Ријана и нејзиното момче милијардер
Ова лето Ријана, со своето момче милијардерот Хасан Џамел, „побегна“ на Kапри, еден од најубавите острови во Италија. Но, таа е само една од многуте славни личности кои го посетуваат овој остров во летната сезона.
Капри се наоѓа на околу еден час возење од Неапол. Кога ќе стигнете до Марина Гранде, имате неколку опции – да се упатите кон плажата, или прво да се напиете нешто. За мохито и мартини ќе ви бидат потребни околу 20 евра.
Самиот центар на градот се наоѓа на рид, и дотаму се стигнува со гондола, такси или пеш. Капри е мал остров и можете да го изодите од едниот до другиот крај за околу 40 минути.
Анакапри е помал град на другата страна од островот и до него постојано возат таксиња без прозорци, кои нудат фантастичен поглед на карпестата област.
Боите и мирисите на ова место се спектакуларни. На секој чекор има олеандри, кактуси и лилјакови ползавци, а синото море во позадина е вистински рај за вашите очи. Капри е совршено место и за целовечерна забава со многу шампањ и школки.
Покрај продавниците на некои од најпознатите брендови, овде ќе најдете и интересни сувенири, како и накит направен со камчиња и школки од островот. Исто така можете да купите и рачно направени сандали, кои се како заштитен знак на Капри.
Шетањето по тесните улици ќе ви овозможи да ги видите прекрасните вили кои зрачат со луксуз кој изгледа „природно“.
Доколку можете да си го дозволите посетувањето на овој остров, нема да ви биде потребно ништо друго. Имено, ноќевањето во некои од хотелите може да ве чини мало богатство. Иако можеби ќе најдете двокреветна соба за 100-тина евра од вечер, најевтината двокреветна соба во хотел ќе ве чини околу 400 евра.
Кога ќе се земе предвид историјата и традицијата за ексклузивниот туризам на Капри, не е ни чудно што тамошната услуга се граничи со совршенство.
Овој остров неретко е дестинација на оние кои можат да си дозволат повеќе, а очигледно тоа е со причина.
https://www.instagram.com/p/B0Xmy_5D8gB/
https://www.instagram.com/p/B0XDW3OBGaS/
https://www.instagram.com/p/B0W9mgWH5w8/
Спирова С. | Црнобело