Форментера - шпански остров од кој нема да посакате да заминете никогаш

Можеби одамна го испланиравте летниот годишен одмор, а можеби сè уште сте во недоумици каде да ги поминете топлите сончеви денови. Доколку немате одговор на прашањето „каде на одмор“, го имаме вистинското решение за вас – скриено место на Медитеранот кое ќе ги го запре здивот.

Formentera-shpanski-ostrov-01.jpg

Кога ќе се спомне Шпанија на памет ни паѓаат Барселона, Мадрид, Ибица, Мајорка и уште многу други дестинации кои генерално им се познати на сите.

Но, постои мал остров во регионот Кадис кој заслужено го носи епитетот најубав шпански остров.

Formentera-shpanski-ostrov (1).jpg

Formentera-shpanski-ostrov (2).jpg

Formentera-shpanski-ostrov (3).jpg

Форментера е лоциран на само 13 km од Ибица, а најчесто го посетуваат сите оние кои се редовни гости на најпопуларниот остров во Шпанија.

Од Ибица до Форментера ве делат само 20 минути возење до брод. Островот е долг 20 km и најчесто го одбираат туристите кои сакаат да уживаат на бели, песочни плажи.

Водата е практично проѕирна, со кристална азурна боја, а она што ја одвојува Форментера од останатите острови е чистината и недопреноста на островот, бидејќи ретко се гради на него.

Formentera-shpanski-ostrov (4).jpg

Formentera-shpanski-ostrov (5).jpg

Formentera-shpanski-ostrov (7).jpg

Владее идеална, сува, но топла клима, практично совршена за летен одмор. Меѓу најпознатите плажи се издвојуваат Playa de Illetes, Playa De S’alga, Playa de Migjorn, Beso Beach и Playa de Llevant. Овие плажи „вријат“ со многу клубови и бич барови скроени за забава.

Форментера е остров кој нуди мирно уживање, но и забава за паметење, во зависност од тоа што ќе одберете. Доколку сè уште не сте убедени, фотките кажуваат илјада зборови, нели?

Formentera-shpanski-ostrov (6).jpg

Formentera-shpanski-ostrov (8).jpg

Formentera-shpanski-ostrov (10).jpg

Formentera-shpanski-ostrov (11).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg