Искуството на Марио Стојановски: „Секој млад човек треба да замине на волонтирање во странство“

Животот никогаш не знаеш на која страна од светот ќе те однесе. Марио Стојановски (20) од Куманово, по завршување на прва година на факултет на отсек Англиски јазик и книжевност на УКИМ, случајно видел на Cid.mk дека бараат македонски волонтер во Кипар за проект кој се залага за промовирање и откривање на културата и традицијата на Кипар. 

mario stojanovski sekoj mlad covek treba da zamine na volontiranje vo stranstvo 2

По неколкудневно размислување, решил да аплицира и еве веќе со месеци се наоѓа на оваа островска држава.

„Прилика да одам во Кипар, да го истражам островот, да запознам многу нови луѓе со неверојатни искуства, а и да бидам дел од тимот кој ќе помогне да се дознаат повеќе култури, традиции и обичаи на Кипар за мене е од големо значење“, споделува Марио, дел од организацијата Caritas Migrant Center, кој има потреба од волонтери кои ќе им помогнат на барателите на азил кои доаѓаат од држави на Африка и Азија каде што моментално се случуваат војни и единствен начин за да преживеат е со напуштање на родниот крај и фамилијата.

mario stojanovski sekoj mlad covek treba da zamine na volontiranje vo stranstvo 5

„Луѓето во Кипар се пријателски настроени, те пречекуваат со храна, насмевка и спремни се да слушаат за културата на твојата земја.

Секој од нив има своја приказна, особено за војната со Турција, со свои мислења и разбирања“, раскажува Марио Стојановски, кој е лесно приспособлив на секакви работи, па затоа не му било тешко да се навикне на нивниот начин на живот.

Му било чудно што немало дел од македонската храна, како што се јогуртот и најважното – ајварот, кој планира да го направи за волонтерите таму.

mario stojanovski sekoj mlad covek treba da zamine na volontiranje vo stranstvo 11

„Проектот на којшто сум сега е во врска со традицијата и културата, па моите обврски се да се најдат заборавени или не толку познати традиции и обичаи, и да ги споделам со жителите на островот преку организирање на работилници, прошетки, видеа и слики.

Меѓутоа, секој од нас волонтерите, кои на број сме 7, од 6 држави: Италија(2), Шпанија, Мартиник, Чешка, Романија и Македонија, си имаме свои поединечни работилници кои ги организираме еднаш неделно.

Секој волонтер си наоѓа интересен и уникатен начин да сподели своја вештина и да го претстави кон луѓето на островот“, споделува Марио.

mario stojanovski sekoj mlad covek treba da zamine na volontiranje vo stranstvo 10

До сега, во рок од два и пол месеци, Марио и останатите волонтери биле на кампување на Аја Напа, Лимасол, Ларнака и на планината Олимп. Најдобар впечаток му оставил Дипкарпаз, познат како Рогот на островот каде што се наоѓа една од најубавата плажа на островот.

mario stojanovski sekoj mlad covek treba da zamine na volontiranje vo stranstvo 4

„Во текот на welcome week, на кој со координаторите се запознававме со Никозија и нејзините убавини, имавме преубави и неверојатни искуства со жителите на Никозија.

На „турата“ имавме задача да научиме да прашаме за традиционалното Кипарско кафе, (турско, но тие не го признаваат како турско) и да дознаеме уште неколку работи како што се: најинтересниот дел - Што мислат за проблемот со окупираната страна, (турски дел), ама тие не сакаат да го викаат турски, и со проблемот со GREEN ZONE.

Друга доста интересна задача ни беше да ги прашаме локалците и да научиме брзозборки на нивниот мајчин јазик и уште неколку кои ни беа доста интересни и забавни“, раскажува Марио за интересни доживувања од неговиот престој во Кипар.

mario stojanovski sekoj mlad covek treba da zamine na volontiranje vo stranstvo 6

Тој додава дека секој млад човек треба да замине на одреден период од својот живот на волонтирање во странство. Искуството кое е проследено со големи придобивки, како што се запознавање на нови култури, разни животни приказни, луѓе кои со ширум отворени раце ќе те прифатат, а освен тоа со самото присуство ќе се придонесе за проектот.

Тоа е несекојдневно искуство кое се памети цел живот, заедно со мотивацијата да се излезе од комфор зоната. Покрај тоа, работење на себе и на својот карактер е уште еден клучен дел од волонтирање во странство.

mario stojanovski sekoj mlad covek treba da zamine na volontiranje vo stranstvo 9

„Научив многу работи од проектот. Пред сè, тимската работа со луѓе кои никогаш во животот не си ги видел пред проектот, различни луѓе, секој со различен карактер, да се приспособат еден на друг што е можно повеќе.

Традицијата е нешто што сите мора да го одржуваме, без разлика на држава во која живееме… И секако, пријателствата стекнати во текот на вакво искуство се бесценети“, завршува Марио за неговото искуство на островот Кипар.

mario stojanovski sekoj mlad covek treba da zamine na volontiranje vo stranstvo 8

mario stojanovski sekoj mlad covek treba da zamine na volontiranje vo stranstvo 8

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Долги редици, турканици низ тесните улички - Што може да очекувате од Санторини, ако го посетите во ... За совршени фотки на белите кровови ќе треба да се изборите за место со илјадниц...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg