Плоштадот Свети Марко во Венеција и уште 13 најлоши туристички „замки“
Емпаер Стејт Билдинг, Њујорк
Понекогаш повеќе ќе се измачите за да стигнете до горе наместо што ќе уживате во погледот. Се разбира, можете да ја поминете и исчекате гужвата и да уживате од погледот од 86-тиот кат.
Возење со гондола, Венеција
Можеби изгледа романтично, но може и да ве чини многу. Возењето од 40 минути понекогаш може да чини дури 100 евра. Доколку сепак сакате вака да го разгледате градот, споредувајте ги цените и ценкајте се.
Нанџинг Донг Лу, Шангај
Иако се смета за најдобрата шопинг улица во Кина, не им дозволувајте на празните зборови да ве заведат. Да, можеби местото е историско, но целата историја е заменета со сеприсутните брендови.
Централен Токио, Јапонија
Поголемиот дел од централен Токио не е ништо освен гужви и бетон. Но некои делови вреди да ги видите, како на пример соседствата Огикубо и Асагаја.
Плоштадот Свети Марко, Венеција
Можеби причината е тоа што во Венеција нема многу копно, но како и да е, плоштадот Свети Марко е постојано полн со луѓе и гулаби.
Лондонската кула
Оваа речиси 1.000-годишна кула била изградена за ги држи луѓето внатре, но денес изгледа го прави спротивното. Познатите кралски скапоцени камења се најважното нешто што можете да го видите, но имајте на ум дека поголемиот дел од времето ќе се обидувате да ѕирнете нешто низ топлата.
Тајмс Сквер, Њујорк
Оваа туристичка атракција го има најпрометниот тротоар. Овде е постојано гужва, но утринските часови можеби ќе ви дозволат да ги избегнете толпите.
Спирова С. | Црнобело