Плоштадот Свети Марко во Венеција и уште 13 најлоши туристички „замки“

Доколку сте патувале, тогаш добро сте запознати со туристичките места кои се преполни со туристи и имаат превисока цена. 

nekoi-od-najloshite-turistichki-zamki-shirum-svetot-01.jpg

Многу често во овие ситуации можете да се почувствувате како да ви одзеле нешто, наместо како да сте добиле. Покрај тоа, целиот стрес воопшто не е забавен.

Иако некои од овие места се „полоши“ за разлика од другите, сепак постојат и оние кои вреди да ги посетите, и покрај сите недостатоци. Најдобро е да бидете подготвени, па затоа погледнете кои се некои од најлошите туристички замки во светот.

Пирамидите во Гиза

Секој ден, околу 5.000 луѓе ја посетуваат египетската пустина за да ги видат пирамидите. Можете да ја избегнете гужвата со камила, па дури и со хеликоптер. Но, доколку сакате одблизу да ги видите пирамидите, мора да ѝ се придружите на толпата.

nekoi-od-najloshite-turistichki-zamki-shirum-svetot-02.jpg

Таџ Махал

Не е тајна дека Индија е преполна со луѓе, па се разбира, ниту Таџ Махал не е исклучок. Доколку сте авантуристи, можете да поминете од другата страна на реката Јамуна и да направите добра фотографија.

Можеби нема да ви се допадне мирисот од канализацијата, но барем ќе бидете сами.

nekoi-od-najloshite-turistichki-zamki-shirum-svetot-03.jpg

Стариот град, Прага

Како една од најпопуларните дестинации во Европа, калдрмите на Прага се преполни со туристи кои сакаат да го видат стариот град.

Ако сакате да се ослободите од гужвата, поминете ја В'лтава и посетете некој од многуте паркови на спротивниот брег. Одовде многу подобро ќе го гледате градскиот пејзаж.

nekoi-od-najloshite-turistichki-zamki-shirum-svetot-04.jpg

Забранетиот град, Кина

Иако ова место било со векови затворено за странците, денес Забранетиот град е една од најпопуларните туристички дестинации. За да ги избегнете гужвите, најдобро е да отидете таму половина час пред да ги отворат портите и да бидете помеѓу првите посетители.

nekoi-od-najloshite-turistichki-zamki-shirum-svetot-05.jpg

Кривата кула во Пиза, Италија

Навистина е чудно како едно вакво лошо изработено архитектонско дело може да издржи толку многу. Доколку морате да ја видите кулата, подгответе 15 евра за чекање во долга редица, за само да се качите и да се симнете од кулата.

nekoi-od-najloshite-turistichki-zamki-shirum-svetot-06.jpg

Стоунхенџ, Англија

Доколку планирате да го видите Стоунхенџ, не заборавајте да понесете и двоглед. Бидејќи местото е секогаш преполно со туристи, веќе не можете да му се приближите. Но доколу сте љубител на историјата, вреди да го видите.

nekoi-od-najloshite-turistichki-zamki-shirum-svetot-07.jpg

Нијагарините Водопади

Комерцијализацијата и брзиот раст на туристичката инфраструктура, особено на делот на Канада, ги направија Нијагарините Водопади вистинска туристичка замка. Паркирањето и чекањето во редица денес можат да одземат многу време.

nekoi-od-najloshite-turistichki-zamki-shirum-svetot-08.jpg

Уште 7 замки на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg