Најголемата плажа во Грција - спој од сино море и златен песок
Дека Грција ги има едни од најубавите плажи, веќе знаеме. Многу од нив веќе сигурно ви се и испробани, но има и такви кои на туристите им се помалку познати, а заслужуваат да бидат видени барем еднаш.
Оние кои сакале малку да избегаат од гужвите на краците и се упатиле кон Пелопонез, знаат дека овој дел на Грција крие прекрасни места за сончање и бањање.
Едно од таквите е и Захаро, на западниот дел од Пелопонез, каде се наоѓа најголемата плажа во цела Грција.
Освен тоа што е статистички најголема, нуди прекрасен златен песок и сино море.
Должината на плажата е неверојатни 50 километри, па веројатно е единствената на која секогаш ќе најдете место за вашиот пешкир и чадор.
https://www.instagram.com/p/BTn37oKl52y/
https://www.instagram.com/p/BJGJpSmBP3T/
https://www.instagram.com/p/Bw7bGxJB9CE/
https://www.instagram.com/p/BzApgWKocJa/
https://www.instagram.com/p/Bmae4DyHrWW/
М. Д. | Црнобело