5-те измами на кои паѓаат речиси сите туристи додека се во странство
Многу е лесно да заборавите на вашите проблеми кога сте на одмор. Но, дури и кога се релаксирате, секогаш постојат луѓе за кои можеби ќе бидете следната „мета“.
Воглавно, туристите не го знаат јазикот или културата на земјата којашто ја посетуваат. Ова, пак, ги прави навистина лесен плен за локалните крадци.
Поради тоа, добро би било да ги знаете 5-те најчести измами на кои наседнуваат голем број туристи.
Таксисти на аеродроми
За таксистите ова е одличен начин да заработат на сметка на странците. Не значи дека сите се такви, но дел од таксистите кои чекаат на аеродром можно е да ви наплатат многу повеќе од нормалното, да ве однесат по подолг пат или едноставно, да ви речат дека немаат да ви вратат кусур.
Па, пред да се качите во такси, прашајте за сумата што треба да ја платите за вашата дестинација.
Банкомати со скимери
Немојте да се потпирате на безбедноста на банкоматите во странство. На многу од нив има поставено таканаречени скимери кои ги читаат податоците од вашата картичка, како и вашиот ПИН.
Секогаш е најдобро да користите банкомат во банка, каде што секогаш има камери и обезбедување.
Лажни влезници за туристички атракции
Дури и најскапите и најпосетените градови нудат бесплатен влез за одредени атракции. Доколку не го знаете ова, многу лесно можат да ви продадат лажни влезници, наводно по пониска цена.
Затоа, пред да посетувате некое место, истражете на интернет. Понекогаш, доколку се плаќа влезница, е подобро и поевтино да ја купите и онлајн.
Луѓе со костими кои нудат да се фотографирате со нив
Во светските метрополи ќе наидете на безброј луѓе во костими кои ќе се понудат да се фотографираат со вас. Но, се разбира, нема да ви кажат дека планираат и да ви наплатат.
Доколку одбиете да им платите, можат да станати агресивни и да направат непотребна сцена, па единствениот излез ќе ви биде да платите.
Крадење на идентитетот преку социјалните мрежи
Понекогаш и вашиот идентитет е изложен на ризик. Кога патувате во странство, некој може да ги злоупотреби податоците од вашите профили на социјалните мрежи и, на пример, да им се јави на вашите родители.
Може да лажно да се претстави како ваш пријател и да ги искористи информациите за да звучи уверливо. Можно е да каже дека сте во болница и дека ви се потребни пари.
За да избегнете вакво сценарио, најдобро е профилите да ги направите приватни.
Спирова С. | Црнобело