Грчкиот ресорт што е преплавен од холивудски ѕвезди (фото)
Од лудите забави на Кајли Миног до романтичните ноќи на Леонардо ди Каприо, кое место во Грција им е хит на холивудските ѕвезди?
Во ова престижно грчко одморалиште имате батлер кој ви стои на располагање 24 часа на ден, приватна теретана, сауна и ако сте ВИП гостин навистина има можност како да пристигнете со стил.
„Grand Resort Lagonissi“, во близина на Атина, се протега на огромно земјиште, има прекрасен поглед кон Егејското Море и поседува низа приватни плажи за гостите, па дури и бела црквичка која додава шарм на ова место.
Многу холивудски ѕвезди го имаат посетено, а меѓу нив се Леонардо ди Каприо, Џенифер Лопез, Шакира, Кајли Миног и Мерил Стрип. Има и соби, но најголем хит се приватните луксузни вили, кои чинат и по 11.000 евра од ноќ.
Омилена помеѓу познатите е вилата „Royal Villa“, каде имаат престојувано Кристијано Роналдо, Мел Гибсон, па дури и светски политичари. Дизајнот е на видни грчки архитекти.
Од мермерни тоалети од Bvlgari до мебел од Ralph Lauren, ентериерот е среден до совршенство.
Некои од гостите имаат специфични барања, па така еден од нив барал костим за капење со 24-каратно злато. Член на персоналот отпатувал на друг остров за да му го обезбеди ова за да докажат дека во овој ресорт желбите стануваат реалност.
Како изгледа луксузното грчко одморалиште:
С. С. | Црнобело