Пробајте холандски палачинки, не мора да оставате бакшиш – факти за Амстердам кои треба да ги знаете
Дали планирате наскоро да го посетите Амстердам? Тогаш би било добро да се подготвите со неколку факти за овој прекрасен град.
Холанѓаните се навистина добри луѓе, а Амстердам има богата култура, одлична храна и неверојатни пејзажи.
Па, спакувајте ги куферите и пред да се качите во авион, прочитајте ги овие факти за Амстердам:
Потекло
На почетокот Амстердам бил мало рибарско село и бил основан околу 13-тиот век. Оттогаш до денес, градот станал едно од најпопуларните места во Европа.
Големиот пожар
Во 1942-ра година Амстердам бил опустошен од огромен пожар. Околу 30 години подоцна, го снашла истата судбина. Оваа ужасна катастрофа изгорела повеќе од половина град.
Летни олимписки игри
Во 1928-ма година, во Амстердам се одржале летните олимписки игри. Токму овде било првото палење на церемонијалниот оган, традиција што трае до денес.
Големина
Амстердам е релативно мал град. Ако престојувате во централниот дел, можете пеш да изодите до железничката станица. Најпопуларните средства за транспорт се велосипедите и бродовите, а многумина одат и пеш.
Достапни хостели
Амстердам е скап град, но овде можете да најдете многу хостели по прифатлива цена. Истовремено ќе запознаете и други туристи со кои можете да го споделите патувањето.
Велосипедски тури
Доколку имате можност, не испуштајте ги велосипедските тури низ градот. Велосипедизмот е навистина популарен овде, па би било штета да не го искусите.
Заеднички велосипеди
Овие велосипеди се дизајнирани за двајца. Доколку патувате во пар, ова е одличен начин да го истражите градот.
Холандски палачинки
Амстердам е познат по многу нешта, вклучувајќи ја и вкусната храна. Оброкот што морате да го пробате се познатите холандски палачинки.
Интересни соседства
Постојат многу нешта што вреди да ги видите овде, а интересните соседства се дел од нив. Не заборавајте да испиете и кафе во некоја од многуте кафетерии.
Куќата на Ана Франк
Речиси секој ја знае трагичната приказна на Ана Франк и нејзиниот дневник. Доколку сакате да ја посетите куќата во којашто пораснала, можете да го направите тоа овде.
Плаќање со евра
Во Холандија, како и во повеќето европски држави, се плаќа со евра. Сепак, неодамна, во поголемиот дел од Холандија се користел холандски гулден или флорин. Во некои делови од државата сè уште се плаќа со оваа валута.
Не носете дрвени кломпи
Постои стереотип дека сите Холанѓанци носат дрвени кломпи. Но, сите ќе ви кажат дека се навистина неудобни.
Улицата на црвените светла
Улицата на црвените светла е една од најстарите атракции во Амстердам. Доколку ви е потребно „друштво“ за неколку часа, можете да го посетите ова место. Само немојте никако да ги фотографирате девојките бидејќи тоа воопшто не им се допаѓа.
Куќа на брод
Речиси цел век, во Амстердам има 2.500 куќи на бродови. Најдоброто е што можете и да изнајмите и да отседнувате во некоја од нив.
Има 165 кaнали
Каналите во Амстердам се навистина прекрасни. Можете да пешачите покрај нив или да пловите со брод.
Потекло на името
Името Амстердам е комбинација од два збора – реката „Амсел“ и браната (dam) што била изградена за да се основа градот.
Топли месеци
Доколку не сакате студено време, најдобро е да го посетите Амстердам во летната сезона – помеѓу јули и август. Иако во текот на зимата времето е прилично мирно, понекогаш може да биде навистина студено.
Вода за пиење
Можеби кога одите во странство ја избегнувате водата од чешма, но во Амстердам нема потреба да го правите тоа. Тамошната вода е најдобра од целата Холандија.
Бакшиш
Како и во повеќето европски градови, келнерите не очекуваат да им оставите бакшиш, но не значи дека нема да го ценат.
Превоз од локалните жители
Друг начин за транспорт низ Амстердам се локалните жители. Доколку забележите велосипедист со жолт велосипед, ако го замолите ќе ве качи на велосипедот и ќе ве однесе каде што сакате во градот.
3Д печатена куќа
Во Амстердам можете да ја посетите и 3Д печатената куќа која е достапна за туристи.
Тура со пензионирани сексуални работници
Пензионираните сексуални работници и познатите сестри Мартин и Луиз Фокен нудат тури низ градот и споделуваат приказни од нивните работни денови.
Куќа на брод за мачки
Познато е дека мачките не сакаат во вода, но оние од Амстердам нема од што да се плашат. Тие можат да пловат низ каналите со бродот за мачки.
Берза
Берзата на Амстердам е најстарата берза во светот и датира од 1602-ра година.
Спирова С. | Црнобело