Кога има попусти, кои денови е отворено? Водич за успешен шопинг во Солун

Солун е рај за сите зависници од добар сезонски шопинг. Таму може да најдете одлични намаленија, а покрај тоа и да испиете едно кафе покрај море.

koga-ima-popusti-koi-denovi-e-otvoreno-vodic-za-uspesen-shopping-vo-solun-01.jpg

Па, ако сакате да ги искористите попустите во Солун, овој водич ќе ви одговори на најчестите прашања.

Од колку до колку се отворени продавниците? Кои термини се најголемите распродажби и попусти? Сите одговори се во продолжение:

Улици со бутици во Солун

Двете главни улици со бутици во Солун се улицата Егнатиа (поевтина облека од пониска класа и со понизок квалитет, многу често кинеско производство) и Цимитски (со подобар избор кога е квалитетот во прашање, но и со малку повисоки цени.)

На улицата Цимитски се наоѓаат најпознатите „улични брендови“ како Zara, H&M, Massimo Dutti, Newyorker, Bershka, Но и MAC козметика, Sephora, Rolex, Chopard...

Улицата Агиас Софиас која ја пресекува Цимитски, однеодамна е пешачка зона и е преполна со дуќанчиња со локални брендови и мали кафулиња.

koga-ima-popusti-koi-denovi-e-otvoreno-vodic-za-uspesen-shopping-vo-solun-03.jpg

Работно време на продавниците во Солун

Странски брендови и модни куќи:

  • Понеделник до петок: Од 09:00 до 21:00h
  • Сабота: Од 09:00 до 22:00h

Независни локални брендови и продавници:

  • Понеделник, среда и сабота: Од 09:00 до 15:00h
  • Вторник, четврток и петок: Од 09:00 до 15:00h и од 17:30 до 21:00h

Најпосетувани трговски центри во Солун

Mediteranean Cosmos

Адреса: 11th km National Road Thessaloniki - Nea Moudania

koga-ima-popusti-koi-denovi-e-otvoreno-vodic-za-uspesen-shopping-vo-solun-02.jpg

Jumbo - претежно детска роба

Адреси:

Florida shopping center Thessaloniki, 11th kmThessaloniki - Airport (next to IKEA)
Pilea, 8 Marinou Antipa str., Pilea Thessaloniki
Port of Thessaloniki, 43 26th October str. & Kefallinias str
Oreokastro, 6th km Thessaloniki-Oreokastro

Hondos center – голема парфимерија со странски брендови, гардероба, обувки...

Адреса:  Leoforos Georgikis Sholis 84

One Salonica Outlet Mall 

Адреса: Kotta Roulia 10, Thessaloniki

koga-ima-popusti-koi-denovi-e-otvoreno-vodic-za-uspesen-shopping-vo-solun-04.jpg

Ikea

Адреса: 12th km Thessalonikis – Peraias

Leroy Merlin - Сè за дома и за во двор

Адреса: Leof. Georgikis Scholis 80, Pilea

Prenatal - Детска и бебешка опрема

Адреса: Pilea, 8 Marinou Antipa str., Pilea Thessaloniki

Mega Outlet - Преку 80 продавници со преку 400 брендови

Адреса: 43, Leof. Georgikis Scholis, Pilea

Термини за зимски и летни попусти во Солун

Генерално, датумите со попусти се секоја година во исто време, разликата може да биде 1 до 2 дена.

Годишно има по 4 големи попусти: два зимски и два летни. Тогаш продавниците обично се отворени и во недела.

Зимските попусти почнуваат вториот понеделник од јануари и секогаш завршуваат на крајот на февруари. Исто така има и намалувања во првите 10 денови од ноември.

Летните попусти траат првите 10 дена во мај, а долгите летни попусти почнуваат вториот понеделник во јули и траат до крајот на август.

koga-ima-popusti-koi-denovi-e-otvoreno-vodic-za-uspesen-shopping-vo-solun-05.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
„Албанскиот Тајланд“ – Скриено парче рај покрај река во Албанија Кристално тиркизната вода во реката и богатата вегетација во околината, прават о...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg