Рајот има име и се наоѓа во Грција – Милос е најубавиот остров за 2019 според Travel + Leisure
Прогласен е за најубавиот остров во 2019 година, дел од Кикладите, исполнет со бајковити сино-бели куќички и уникатни бели карпи.
„Travel and Leisure“ истакнува дека островот Милос брои околу 75 плажи, од кои најдолгата и најпознатата е Хиладолимни.
Најголем дел од нив содржат сив песок, а калеидоскопската боја на Милос се менува како последица на вулканската активност. Не е никакво чудо што ова е најубавиот остров во светот.
Милос има интригантна историја, маѓепсувачка природна убавина и отскокнува од секој шаблон каде што владее масовно туристичко лудило.
Лоциран пред Санторини и Миконос, Милос е познат по одличната храна, но и многуте таверни, продавници, шеталишта… не очекувајте премногу од ноќниот живот, тој дефинитивно не е бурен како на Миконос, но доколку сакате совршено мирен одмор, со кој ќе си ја наполните душата, умот и погледот, несомнено одберете го Милос:
(О)Милена | Црнобело