Фото причини зошто Хои Ан во Виетнам е одбран за најубавиот град за 2019
Хои Ан во Виетнам е именуван за најубавиот град во светот за оваа година. Виетнамскиот град му ја зеде круната на Сан Мигел де Аљенде во Мексико, којшто се наоѓаше на врвот изминативе две години, а Хои Ан се искачи од 8-то на првото место.
Наградата е доделена од страна на Travel + Leisure, а уредникот на сајтот изјавил:
„Брендовите и имотите ширум целиот свет – од Перу до Јапонија, Индија до Италија, и тука во САД, се препознати од нашата публика бидејќи нудат неверојатни искуства. Им честитам на овогодишните победници кои работеа толку напорно за да бидат помеѓу најдобрите.“
Доколку не се согласувате со јавноста, можеби фотките во продолжение ќе ви го променат мислењето.