7-те најубави плажи во Охрид и околината
Охридското Езеро е нешто што најдобро би се опишало како „светско, а наше.“ Со целата историја и природна убавина која несебично ја нуди, не е ни чудо што многу странски туристи го одбираат како летна дестинација.
Па, ако летово барем неколку денови поминете во Охрид или во блиска околина, погрижете се да ги посетите следниве 7 плажи кои се прогласени за најубави:
Потпеш
Во близина на Канео, Потпеш е плажата која мора да ја искусите.
Често е полна со туристи, бидејќи се протега на мала површина, но е сосема доволно за да останете до стемнување и да го уловите совршеното зајдисонце.
https://www.instagram.com/p/BntwHbkn1UQ/
https://www.instagram.com/p/BneZ6A_A_gJ/
Куба Либре
Во самиот центар на случувањата и гужвите, Куба Либре е одличен избор доколку сакате добра храна и пијачки на плажа.
Лагадин
Веројатно една од најчистите плажи покрај Охридското Езеро. Опуштена атмосфера и мир е она што ќе пронајдете тука.
https://www.instagram.com/p/BmvGMI5HjWK/
https://www.instagram.com/p/BkS2DylgfPt/