Топ 10 работи кои треба да ги направите ако летово одите на Миконос
Посетете го светилникот Armenistis
Ако сте за малку поинакво искуство на летниот одмор, облечете патики за пешачење и искачете се до светилникот Armenistis. Шармантниот светилник, синото небо и бесконечниот поглед кон сјајното море вредат за авантурата.
Истражете го островот на скутер
Одморете ги нозете од пешачење и изнајмете скутер за да го прошетате островот и да можете да стигнете да ги посетите и искусите сите убавини кои ги нуди, а не би можеле да ги видите поинаку.
Посетете ги ветерниците (Като Мили)
Миконос е остров на ветровите, а ветерниците се веројатно најголемата карактеристика. Изградени се во 16-ти век, а познатите Като Мили, се наоѓаат на рид со поглед кон море за да се искористат силните северни ветрови. Не пропуштајте можност да ги фотографирате.
Уживајте во зајдисонцето со коктел во хотел Belvedere
Belvedere е еден од најлуксузните хотели на Миконос, а иако престојот може да го надминува вашиот буџет, сепак може да го посетите и да уживате во коктел со поглед на зајдисонце.
Направете фотка со пеликанот Петрос (Втори)
Големиот бел пеликан Петрос бил официјална маскота на грчкиот остров. Во 1958 година, повреден пеликан бил најден на брегот на Миконос од локален рибар, кој го згрижил и потоа останал на островот, а локалците му го дале името Петрос. Откако бил удрен од кола во 1985, три нови пеликани се населиле на островот, а на едниот му било дадено името Петрос.
М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com