Топ 10 работи кои треба да ги направите ако летово одите на Миконос
Каде да јадете добро гиро, во кој бар да се забавувате, на која плажа да се сончате и каде да вечерате ако одите на одмор на Миконос?
Во последните неколку години, многумина сè почесто го бираат Миконос за своја летна дестинација.
Доколку ова лето се одлучите да го посетите прекрасниот грчки остров, добро е да знаете што да истражите, каде да одите и што да правите.
Покрај прекрасните плажи, Миконос нуди добра забава, а вреди да прошетате и малку повеќе да истражувате низ островот.
Топ 10 работи кои треба да ги направите ако одите на одмор на Миконос:
Уживајте на Paraga Beach
Сончајте се на Paraga Beach, нурнете во кристалното море и направете фотка како да одите по вода.
Шетајте низ градот Миконос
Уличките со прекрасните бели куќи со сини врати и прозорци се совршени за истражување, за кул фотки, но и за да го почувствувате духот на ова место. Прошетајте низ тесните улички, поиграјте си со некоја од многуте мачки и упатете се кон море.
Одете на вечера во Малата Венеција
Крстено по италијанскиот град со бесконечни канали, Малата Венеција е живописно место покрај море на Миконос. Како што заоѓа сонцето, светлината сјае во градбите и се одбива во водата – совршено за романтична вечера.
Забавувајте се до изгрејсонце
На Миконос никогаш нема недостаток на ноќен живот и никогаш нема да останете без добра забава, па спакувајте си облека за добра вечер.
По цел ден истражување на островот, подгответе се за добра забава во некој бар или ноќен клуб како Paradise Club. Уживајте во незаборавна вечер и дочекајте го изгрејсонцето под отворено небо.
Јадете гиро од Jimmy’s Gyros
Ова е место на Миконос каде мора да јадете гиро барем еднаш, а сетилото за вкус ќе ви биде благодарно. Работат до доцна навечер, па по добрата забава, ве чека добро гиро во Jimmy’s.