Скриени локации на островот Крит кои треба да ги посетите
Изгледа дека Крит никогаш не станува здодевен на туристите. Веројатно тоа што е најјужниот и најголемиот грчки остров е голема предност.
Секое лето илјадници посетители уживаат во островските убавини, инспирирани од природата и не остануваат рамнодушни на привидот и морската синевина со кои се опкружени.
Крит е остров кој повторно и повторно ве повикува да се вратите. Доволно е само еднаш да го посетите за да се поврзете со него и засекогаш да ве следи во животот.
Од убавината на главниот град Хераклион, до Хања, Ретимно и многу други места. Но, секогаш постојат и такви скриени местенца, кои се познати на локалците, но не и на туристите.
Па ако се решите ова лето да го посетите островот Крит, имајте ги предвид следниве одредници, кои со нивните богати пејзажи и сетилни заладувања, ќе ве исполни максимално:
На 70 километри од Хања се наоѓа Лутро, рибарско селце, целосно инспиративно за авантуристи. Велат дека Господ бил милостив спрема селцето, зошто самата местоположба го заштитува од ветер и освен убавата природа, ќе имате можност да шетате низ место каде нема достапност за автомобили.
Мештаните велат дека плажата Рокадино е една од најубавите на Крит. Затоа и сакаат да ја соочуваат колку што е можно повеќе. Плажата е идеална за семејства со деца и посетители кои сакаат да уживаат во тишината на Крит.
Палексатро е уште едно скриено место на Крит со две прекрасни плажи и таверни каде се служи свежа морска храната. Плажите во летните денови се исполнети со стотина туристи кои сакаат да уживаат во кристално чистата вода.
Автор: Х. Е. | Црнобело