Проколнати места во светот од кои ќе ве полазат морници
Помеѓу вистинските љубители на патувањето има такви кои сакаат да посетат необични локации. Некои сакаат да одат таму и да изведуваат секакви екскурзии на мозокот, други да спроведуваат сосема поразлични замисли, а ги има и оние, иако во мал број, кои сакаат да го потхранат стравот во себе и да посетат места кои се сметаат за проколнати.
Колку и да не веруваме во овие мистерии или како што некој ги нарекува бабини деветини, на крај барем ни станува интересна приказната што ја слушаме за локациите, а посебно филмот што самите си го проектираме во главата.
Во продолжение следува листа на објекти низ Европа, кои се поврзани со некои мистериозни настани, трагични ситуации или паранормални работи. Барем така велат изворите…
Повеглија, Италија
За островот Повеглија, во близина на Венеција се пишувало многу низ историјата. Го нарекуваат со различни имиња, но најпознато е по името крвавиот остров.
На времето островот служел како место за протерување на криминалци, ментално болни луѓе, или на заразените и починатите од чума.
Повеглија со текот на годините се претворил го гробишта, за кои и до ден денес кружат различни мистерии.
Château Miranda, Миранда
Овој замок се смета за еден од најморбидните во Европа. Поразлично не се ни очекува, кога целосно е демолиран. Датира од 1800 година, а во 1950 година во него биле сместени ментално болни луѓе.
Денеска Château Miranda е целосно демолиран, со извадени прозорци и врати, откорнат паркет… и е тешко достапен за посета, поради обезбедување што секој ден патролира наоколу.
Замокот Wolfsegg, Германија
Навидум убав замок во Баварија, но неговата историја е доста мрачна. Првите необични настани се појавиле на почетокот од 1500 година, кога сопственикот дознал дека неговата жена има љубовник и организирал да ја убијат.
Првите посетители сведочат за женски вресоци кои допирале од ќелиите, а имало и такви кои со свои очи забележале женски привид во бел фустан…
Автор: Х. Е. | Црнобело