Фотограф ја истражува тивката убавина на Венеција навечер

За време на викенд патување во Венеција, фотографот Тибауд Поириер се вљубил во тишината на градот навечер.

fotograf-ja-istrazhuva-tivkata-ubavina-na-venecija-navecher-01.jpg

Користејќи ги неговите вештини за архитектонска и урбана фотографија, Тибауд направил импресивни фотографии од градот. Низ неговите очи можеме да ја видеме Венеција како тивко и мирно место, без гужвата и туристите што често го дефинираат градот.

Комбинирајќи симетрични и асиметрични композиции, Тибауд си игра со уникатните карактеристики на Венеција и нуди живописен поглед кон животот на островот.

Фотографиите им овозможуваат на гледачите да ѝ се восхитуваат на магијата на градот изграден врз вода. Мостовите се рефлектираат во мирната вода на каналите и создаваат одличен контраст со богатите тонови на архитектурата.

Без трага од човек, фотографиите покажуваат колку всушност малку се променил градот откако бил изграден.

„Работев на слични фотографии во Париз, но ми беше многу полесно да го доловам чувството на град замрзнат во времето во Венеција, бидејќи нема автомобили и архитектурата е иста изминативе векови. Сакав да ги доловам типичните погледи во Венеција, па поради тоа ќе најдете вода на сите мои фотографии.“

Со само неколку денови на располагање за фотографирање, фотографот успеал да најде навистина интересни места. За Тибауд оваа серија фотографии била начин да отиде до потивките места во градот каде што, на неговото пријатно изненадување, немало гужва.

На крај успеал да направи уметнички фотографии што даваат нова перспектива на оваа често фотографирана дестинација.

fotograf-ja-istrazhuva-tivkata-ubavina-na-venecija-navecher-02.jpg

fotograf-ja-istrazhuva-tivkata-ubavina-na-venecija-navecher-03.jpg

fotograf-ja-istrazhuva-tivkata-ubavina-na-venecija-navecher-04.jpg

fotograf-ja-istrazhuva-tivkata-ubavina-na-venecija-navecher-05.jpg

fotograf-ja-istrazhuva-tivkata-ubavina-na-venecija-navecher-06.jpg

fotograf-ja-istrazhuva-tivkata-ubavina-na-venecija-navecher-07.jpg

fotograf-ja-istrazhuva-tivkata-ubavina-na-venecija-navecher-08.jpg

fotograf-ja-istrazhuva-tivkata-ubavina-na-venecija-navecher-09.jpg

fotograf-ja-istrazhuva-tivkata-ubavina-na-venecija-navecher-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg