3 најубави плажи на островот Кефалонија
Најголемиот островот во Јонското Море кое во последните години го разбуди интересот на туристите, станува актуелно место за летување.
Кефалонија, сместен јужно од Итака и Лефкада крие толку многу интересни места, што секој авантуристички дух би сакал да ги искуси и спознае.
Кристалното море, чудесните пејзажи, симпатичните селца и љубезните мештани се само дел од магичниот свет на Кефалонија.
Но, она што посебно вознесува и го исполнува човекот се песочните плажи.
Во продолжение следува листа на три најпознати плажи на островот во Јонското Море:
На врвот на листата се наоѓа плажата Миртос, која воедно е заштитен знак на островот и 12 пати е прогласувана за најубава плажа во Грција.
Плажата Антисамос го зазема второто место од листата. Волшебниот изглед го добива благодарение на белите камчиња и ситната песок, покрај синото море кое се протега до недоглед.
На ова листа ќе се најде и плажата во атрактивното место Порос, сместена во подножјето на планините Атрос и Пахни.
Тука се наоѓа и третото пристаниште на островот, кое ги спроведува луѓето до Пелопенез.
Во секој случај, можноста да се разгледа островот Кефалонија треба да се земе во предвид. Нели, секогаш е добро да се откријат нови места во светот...
Евгениј Хоуп | Црнобело