12 места кои мора да ги посетите во Македонија освен Скопје и Охрид, советува странски сајт
-->
Битола, Преспа, Тетово, Демир Капија и уште 8 места во Македонија кои нудат нешто спектакуларно, без разлика дали тоа е природа или историја.
Сè повеќе туристи ја посетуваат Македонија, а со тоа осамнуваат и сè повеќе статии на странските сајтови и блогови со совети кои места мора да се посетат.
-->
Многу од нив заклучуваат дека тоа што е во границите на нашата земја е апсолутно прекрасно и дека иако сме релативно мала европска земја има многу што да се види.
Места вредни за посета во Македонија, покрај Скопје и Охрид, предложени на блогот The Blonde Gypsy:
Битола – има подобар ноќен живот од Скопје и Охрид и има убава архитектура, историски места и природа како националниот парк Пелистер.
Демир Капија – е домот на вината, прекрасна точка за набљудување на птици и ја има прекрасната винарија Попова Кула.
-->
-->
-->
Кокино - мегалитска опсерваторија во близина на селото Старо Нагоричане, стара 4.000 години и признаена од НАСА.
-->
Кратово – автиентичен град со многу мостови, кули и тајни тунели и се смета за еден од најстарите градови на Балканот, а во близина е Куклица, местото со 120 камени кукли.
Крива Паланка – скриен во ридовите овој град го има магичниот манастир Свети Јоаким Осоговски со шарени фрески што го одземаат здивот.
Крушево – автентично мало гратче каде се чувствувате многу пријатно, го има споменикот Илинден и е родно место на најголемата македонска поп ѕвезда Тоше Проески.
Преспа – има подеднакво импресивно езеро како што е Охридското, а покрај Преспанското Езеро има природа, прекрасни глетки и мир за мозокот.
Уште 6 места на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото)
Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир
Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите?
Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон...
Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура
Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи)
Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...