Балканските земји низ објективот на Инстаграм блогерка од Бали (фото)
Александра Сапер е адвокатка, но и вљубеник во патувањата, а нејзините авантури ги споделува на нејзиниот блог и Инстаграм профил.
Таа патува сама веќе 15 години, па тоа ѝ овозможило многу рано да сфати дека најголема инспирација и личниот развој ги гледа преку запознавање нови култури, храна, традиции.
Досега посетила повеќе од 30 земји низ светот, а со оглед на тоа што е ќерка на уметник, се труди да додаде доза на креативност во своите патувања, преку фотографијата.
Александра живее на Бали, а покрај многуте земји низ светот, таа летово се одлучила да ги посети и балканските земји.
Поконкретно, земјите од просторите на поранешна Југославија, од чија природа, култура и историја таа е воодушевена, а изгледаат совршено низ нејзиниот објектив.
Погледнете ги најубавите фотки: