Островот на мирот и спокојот во Јонското Море - Кефалонија

За островот Кефалонија знам со години. Уште на времето, кога брат ми, по прва година на факултет замина на летување на Лефкада. 

Ostrovot na mirot i spokojot vo jonskoto more kefalonija 1

Во планот на еднодневната екскурзија била вклучена и Кефалонија, како еден препознатлив остров во Јонското Море. Оттогаш па наваму, во неколку наврати зборував со различни пријатели за грчките острови и така, спонтано, излезе да заминам на кратко патување до Кефалонија.

Можеби, патот е малку долг. Некаде 600 километри до Нидри на Лефкада од каде се фаќа фери-брод.

Но, старите луѓе залудно немаат кажано дека за да се видат убавините на светот мора да се патува малку повеќе од дома.

По два часа возење, наполнет од чистотата што ме опкружување, стигнавме до пристаништето на Фискардо. По самото излегување од бродот, се упативме до првата зацртана дестинација – плажата Миртос.

Стојам на тврдењето дека ова е најубавата плажа на островот. Самиот панорамски поглед и белите камчиња, дополнително ме разубавија одвнатре, знаејќи дека од едната страна постои водена површина што со својата длабочина дава посебен шмек на островот.

https://www.instagram.com/p/Bx2y0Ryn6Bi/

Колку што времето ни дозволуваше го посетивме и Аргостоли, главниот град на Кефалонија. Како и секое туристичко место и ова беше исполнето со бројни кафулиња, таверни, ресторани и шеталиште со тезги и продавници.

Одлучивме да преспиеме во симпатичното гратче, Порос. Опкружено со бујна вегетација од една страна и морска шир од друга, беше идеална дестинација за релаксирање.

Како и што очекував. Порос е место со убави плажи, шармантно шеталиште и ресторанчиња, кои служеа вкусна морска храна.

Мислам дека тие неколку дена ми беа доволно за едно себе балансирање, но најмногу сè придонесоа посетените места со кои располага Кефалонија.

За Кефалонија може да се пишувам со денови, како и за секое инспиративно место. Тоа што е во близина на островот Итака, кој се поврзува со авантурите на Одисеј кои траеле дваесет години, му дава посебна димензија.

Каде и да одев ме следеше пријатно чувство, нешто ново постепено се провлекуваше. Без разлика дали се наоѓав на ноќна прошетка во Скала или на плажата Антисамос со бела песок, секогаш мојот поглед продираше до нешто различно, нешто посебно.

И она што најмногу ме поврза со Кефалонија е спокојството кое се вгнезди во мене, па затоа може да кажам дека островот Кефалонија е за сите оние кои трагаат по мир и тишина во себе.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg