Туристички атракции кои повеќе не постојат, бидејќи сами ги уништивме

На планетата Земја речиси и да нема неистражено, непосетено место, некаде каде што не стапнала човечката нога. И за жал, честопати претераното посетување на одредено место може да биде погубно.

turisticki-atrakcii-koi-povekje-ne-postojat-bidejki-sami-gi-unistivme-02.jpg

Туризмот е екстремно развиен во модерното време во кое живееме, а благодарение на социјалните мрежи, дури и најдивите предели стануваат посетени после само неколку чекирања.

Така, успеавме да го земеме максимумот и да ги уништиме следниве туристички дестинации и богатства:

1. Maya Bay на Phi Phi островите на Тајланд

Откако почнале да пристигнуваат по 5.000 туристи дневно, плажата комплетно се уништи.

turisticki-atrakcii-koi-povekje-ne-postojat-bidejki-sami-gi-unistivme-01.jpg

2. Коралите на Божиќниот Остров во Австралија

За само 10 месеци, речиси 90% од коралите биле уништени, избледени, изумрени. Виновник за тоа се климатските промени.

turisticki-atrakcii-koi-povekje-ne-postojat-bidejki-sami-gi-unistivme-02.jpg

3. Guaira водопадите на границата на Парагвај и Бразил

Во 1982-ра година на водопадите беше изградена хидроелектрана, а карпите биле разнесени со динамит.

turisticki-atrakcii-koi-povekje-ne-postojat-bidejki-sami-gi-unistivme-03.jpg

4. Алтамира пештерата во Шпанија

Во 2002-ра година пештерата беше затворена за туристи, бидејќи големиот број на посетители создал голема влажност под земјата, па остатоците од цртежите почнале да избледуваат и да се прекриваат со мувла.

turisticki-atrakcii-koi-povekje-ne-postojat-bidejki-sami-gi-unistivme-04.jpg

5. Чакалтај глечерот во Боливија

Глечерот кој е стар 18.000 години во 2009-та исчезна како последица на глобалното затоплување.

turisticki-atrakcii-koi-povekje-ne-postojat-bidejki-sami-gi-unistivme-05.jpg

6. Езерото Поопо во Боливија

Повторно поради климатските промени, пресуши езерото Поопо во Боливија.

turisticki-atrakcii-koi-povekje-ne-postojat-bidejki-sami-gi-unistivme-06.jpg

7. Карпата во Австралија

Во 2015-та карпата стана екстремно популарна за сликање, беше под голем притисок на туристи и тежина, но денес е затворена за посета, поради безбедносни причини.

turisticki-atrakcii-koi-povekje-ne-postojat-bidejki-sami-gi-unistivme-07.jpg

8. Коралниот гребен на Raja Ampat островите во Индонезија

Коралниот гребен беше уништен од бродови за крстарење во 2017-та година, а сигурно ќе му требаат повеќе децении за да се врати во живот.

turisticki-atrakcii-koi-povekje-ne-postojat-bidejki-sami-gi-unistivme-08.jpg

9. Карпата Duckbill во Орегон

Карпестата формација беше туристичка атракција до 2016-та година. Потоа, група на луѓе го уништија ова природно богатство.

turisticki-atrakcii-koi-povekje-ne-postojat-bidejki-sami-gi-unistivme-09.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg