„Одиш на кафе и за 5 минути се договараш за патување“ – Авантурата во Јордан на Боки Марков

Богомил Марков или на Инстаграм познат како @bokimarkov од Богданци, студент на ФИНКИ, секогаш наоѓа причина да замине на некоја авантура.

Pustinata vadi rum javanje kamili i poseta na drevnit grad petra 2

На времето фотографијата му била како хоби, но постепено прераснала во професија. Кога сфатил дека сака ова да го работи, нештата почнале да добиваат поразличен правец. Вели дека животот е прекраток за да не се работи она што ве прави среќен.

„Патувањето за Јордан е најинтересното договарање во моето авантуристичко искуство“, раскажува Боки Марков.

„Одиш на кафе со еден другар, среќаваш во кафуле друг другар, седнуваш да го видиш на 5 минути и во тие 5 минути му ѕвони телефон, договара патување. Прашуваш дали може и ти да се приклучиш. Толку. Тоа беше најинтересниот момент што во текот на патувањето си го спомнавме колку сме будали, за 5 минути договоривме да одиме на патување за Јордан“.

View this post on Instagram

A post shared by Boki Markov (@bokimarkov)

Од друга страна, на Боки, Јордан му бил во срцето уште многу одамна. На Инстаграм следи многу фотографи што објавуваат фотографии од Јордан. Еден од нив е @mmuheisen - еден од фотографите на National Geographic и воедно амбасадор на Инстаграм профилот на@visitjordan.

Моментот кога Јордан станала дестинација што мора да ја посети бил кога за прв пат видел фотографии кај еден од неговите омилени фотографии @ioegreer. Мислел дека тоа никогаш немало да се случи, но се уверил дека чудата постојат.

„На почеток знаевме само дека ќе одиме во Јордан. Бевме ограничени со време, само 8 дена и требаше многу прецизно да разгледаме кои локации навистина сакаме да ги посетиме. Првите 4 дена од нашето патување ги издвоивме за Израел. Бидејќи влеговме преку Allenby Bridge, границата што граничи Израел со Јордан, прв град на мета беше главниот град Аман“, раскажува тој.

„Второто место што го посетивме беше Петра кај што сакам да одам одново и одново. Како фотограф таму ми е малку една недела да ги реализирам сите идеи што ми паднаа на памет. За жал, јас бев само еден ден.
Претпоследниот ден се упативме во пустината Вади Рум и при самото пристигање започнавме со едно часовно јавање камили до местото кај што беа џиповите на човекот во чиј камп престојувавме. Во пустината сè беше возбудливо што не можам ништо да издвојам“.

Најмногу впечаток му оставил Al Khazneh. Во Петра тој ден испешачиле 17 km. Таму секој понеделник, среда и четврток се организирале Petra Night Show во 20:00 часот. Тие ја имале среќата да ја посетат Петра токму во некој од тие денови.

„Од целото патување уживав во фотографирање на природните убавини на Јордан, но како што може да се забележи според фотографиите имам доста многу случајни фотографии од луѓе каде бев посебно среќен додека ги создавав“, споделува Боки Марков за неговото патување во Јордан.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...
Гратче во Италија со куќички како од бајка - Зошто да го посетите Алберобело? Кога ќе прошетате низ тесните улички и ќе ги погледнете белите куќи со конусни п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg