10 причини зошто треба да ја посетите Аргентина
6. Посебен начин на живот и уметност
Буенос Аирес, главниот град на Аргентина, е познат по својот ноќен живот и европската архитектура. Најлесно ќе ја искусите аргентинската култура додека шетате низ живописните населби како што се Сан Телмо, Палермо и централните делови на Сан Николас и Монтсерат.
7. Клима
Аргентина се наоѓа на јужната хемисфера, што значи дека летото трае од декември до февруари.
Просечната температура во Буенос Аирес е околу 30 степени. Можете да очекувате околу девет часа сонце преку ден.
8. Една од најубавите книжарници во светот
El Ateneo Grand Splendid во Буенос Аирес е книжарница сместена во поранешниот театар - Teatro Gran Splendid, кој бил отворен во мај, 1919 година.
Овој прекрасен ентериер е еден од најгламурозните во светот. Доколку успеете да ја подигнете главата од илјадници книги, ќе забележите црвени кадифени завеси и украсени тезги.
9. Шопинг
Големите бутици се наоѓаат на улиците на Палермо Сохо, центарот на креативната дизајнерска област во Буенос Аирес. Подгответе се за долги прошетки.
Продавниците имаат сè, од чевли, шик фустани до гламурозен накит и елегантни панталони.
10. Национален парк Los Galaciares
Ако барате планинарска авантура, посетете го Националниот парк Los Galaciares, кој се наоѓа југозападно од провинцијата Санта Круз, во аргентинскиот дел на Патагонија.
Los Galaciares е дом на 356 големи глечери, а Перито Морено е еден од најпознатите достапни глечери кои можат да се видат.
Ашера | Црнобело