10 причини зошто треба да ја посетите Аргентина
Постојат толку многу причини зошто треба да патувате во Аргентина. Како трета најнаселена земја во Јужна Америка (со 44 милиони жители), Аргентина ја прави атрактивна убавата географија, интересната историја и културата, возбудливиот ноќен живот и уникатната локална кујна.
Не е ни чудо што Аргентина привлекува илјадници туристи годишно. Најголемата земја во јужниот дел на американскиот континент нуди различни можности и атракции за да ги задоволи афинитетите и желбите на патниците.
Од прекрасни водопади до неверојатни ресторани со традиционална кујна, забава и образовни содржини. Без разлика дали сакате брз градски живот или мирно природно одморалиште во село, Аргентина има сè што сакате.
Десет причини зошто секој треба да патува во Аргентина:
1. Се разликува од остатокот од Јужна Америка
Додека во 16-тиот и 17-тиот век јужноамериканските земји биле колонизирани од европските сили, кон крајот на 19-от век, Аргентина била погодена од големи имиграции. Во најголема мера влијаела италијанската и шпанската култура, а слично е и денес.
Единствената историја на нацијата е дел од она што ја прави Аргентина посебно место на континентот.
2. Голф
Голф клубот на Буенос Аирес е вистинска спортска атракција. Клубот е отворен во 1994 година, а таму играле Тајгер Вудс и Дејвид Дувал. Голф клубот Оливос се смета за еден од најдобрите во Јужна Америка. Клубот бил домаќин на најважните национални првенства.
3. Вино и храна
Се препорачува да пробате стек во кој било parrillacies (стек ресторани) во Сан Телмо. Уживајте во превкусното црно вино Малбек, по кое е Аргентина најпозната.
4. Култура
Уживајте во танго вечери на Гала Танго, кои вклучуваат и приватни часови. Овој танц е синоним за Аргентина. Од своето основање во маргиналната населба Ла Бока, кон почетокот на дваесеттиот век, тангото денес се танцува во најубавите сали во Буенос Аирес и во светот.
Буенос Аирес е шармантен град со силни влијанија од многу големи европски градови. Паркови, монументални згради, кафулиња, музеи и цркви собрани во 26 окрузи, од кои секој има своја индивидуалност, ќе ви создаде вистинско космополитско чувство.
5. Безбедна земја полна со авантури
Безбедно е да се кампува во многу области. Во повеќето случаи, Аргентина е сосема безбедна. Локалните жители сакаат да им помогнат на туристите, што е важно доколку планирате големи авантури, како освојување на планината Рој, која се наоѓа на самата граница на Аргентина и Чиле.