8 причини зошто возењето со гондола во Венеција е толку скапо
Гондолиерите одат во специјално училиште за да добијат лиценца, има строги правила колку смеат да им бидат широки ригите на маиците, а платата им е околу 12.500 евра месечно.
Прекрасни градби, канали и возење на гондола... Добро звучи Венеција зарем не?
Овој италијански град е вистинско уживање за туристите, а најголема атракција веќе години наназад е возењето со гондола.
Сепак, цените може непријатно да ве изненадат. За возење од 30 минути треба да платите 80 евра, а по 19 часот оваа цена се качува и до 100 евра.
Гондолата може да ја делат 6 луѓе, што значи дека нема да треба да плаќате 80 евра само за вас.
Специјалните услуги, како пеење на пример, се плаќаат дополнително.
Најдобро е пред да влезете во гондолата добро да преговарате за цената и должината на возењето. Но, мора да запомните дека гондолата не е обично превозно средство, туку атракција и романтично доживување кое се помни цел живот.
Зошто возењето со гондола е толку скапо?
Постои училиште за гондолиери
Во Венеција се оди на училиште од 6 години, а од 14 до 19 се одбира конкретна насока на образование, па многу млади момчиња се насочуваат кон учење како да возат гондола и да се снаоѓаат во водениот транспорт.
Престиж е да се образуваш во вакво училиште и воопшто не е евтино - годишно чини 4.000 евра. Покрај вообичаените лекции, потребен е и физички тренинг и практика во каналите.
Има и жени гондолиери
Иако нема многу, сепак постојат и жени кои работат како гондолиери.
Најскандалозната жена гондолиер е Германката Александра Каи, која долго време работела без лиценца, па преку судот успеала да дојде до право за да работи.
Колку заработуваат?
Гондолиерите заработуваат повеќе од другите жители на градот и во просек си обезбедуваат примања од 12.500 евра месечно. За споредба такси возач на вода заработува 3.500 евра, водоводџија 1.500 евра, полицаец 2.500 евра, сопственик на кафуле 4.000 евра.
Локалците не ги сакаат гондолиерите и ги сметаат за арогантни.
Распоред и цени
Цените за оваа услуга се официјално утврдени и тоа за 30 минути треба да платите 80 евра, а по 19 часот оваа цена се качува и до 100 евра, со тоа што некогаш може да добиете 5-7 минути плус возење, некогаш минус.
Гондолиерите имаат смени на работа, во зима им е полабаво, а дел од заработувачката им оди на трошоци за одржување на гондолата.